Реклама

Ниту еден човечки живот, ниту еден изгорен дом – пожари имаше, но Македонија годинава куртули од катастрофа

ИКТ центарот за опоравување од катастрофи крај Прилеп не е обичен серверски простор, туку секундарен податочен центар

Уште не сме се справиле со западно-нилска треска, а сега нè демне можна опасност од епидемија на мали сипаници

Први септември – наместо училишна радост, крвава со нож пресметка меѓу 13-годишно деца, едното се бори за живот

Убиец што Македонија го бара да лежи 12,5 години затвор се појави на бугарска ТВ за да ја брани ќерката од судот во Кочани

Нов документ за проширување, нова можност за Македонија: Побрз пристап до пазарот, платежниот систем на ЕУ, укинување на роамингот…

Тошковски бара храброст од Обвинителството вистински да се истражи криминалот со набавката на мазутот

Мицкоски: Бесплатни учебници, реновирани училишта, сали и базени – образованието останува приоритет

Арсов: Националниот центар за податоци ќе ги поврзе институциите и ќе ги забрза услугите

Пресврт во случајот „Мазут“ предметот повторно се отвора

Исланд со црвено светло за Брисел: Македонија не смее да се откаже од ЕУ по исландското „НЕ“

Откорнати кровови, паднати дрва, блокиран сообрајќај-силно невреме го погоди истокот

Македонија

Тошковски става ред во МВР – ги гони криминалците во своите редови

Наместо да го штитат законот и да гарантираат безбедност, тие го кршеле…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наместо да го штитат законот и да гарантираат безбедност, тие го кршеле кај ќе стигнат. Најмалку 50-тина полицајци завршија како тие што треба да ги ловат – како ситни криминалци.  

Од злоупотреба на службената положба, до несовесно работење и оддавање на службени тајни, па и неплаќање на патарина– за само нецели пет месеци двоциефриен е бројот на полицајци кои може  да завршат зад решетки. Последни се 15-те високо позиционирани во МВР, кои незаконски издавале дозволи за поседување оружје, а истрагата може и да го зголеми бројот на службеници кои ги заобиколуваат правилата за да се здобијат со некаква корист најчесто кеш.

Од статистиката на МВР, во пориод од јули до почетокот на ноември, поднесени биле 15 пријави за 16 кривични дела.  

Реклама
  • Поднесени 15 кривични пријави против 33  вработени во МВР, за сторени 16 кривични дела, од кои три кривични дела ,,злоупотреба на службената положба и овластување“, четири кривични дела  „предизвикување на општа опасност“ и по едно кривично дело „примање поткуп“, „убивање и мачење животни“, „загрозување на сигурноста“, „спречување службено лице во вршење службено дејствие“, „Обљуба со  злоупотреба  на положбата“, „неизвршување на судска одлука“, „Кражба на електрична енергија, топлинска енергија или природен гас“, „повреда  на правата од работен однос“  и  „несовесно работење во службата““ велат од МВР.

Пред само две недели беа фатени и двајцата сега пензионирани инспектори за имотни деликти кои на групата од Грчец и откривале за акциите и апсењата кои ги планира МВР, а за тоа дебело биле наградувани со станови, коли и кеш.  Картелот засилен со двајца вработени во МВР, успеале да заташкаат дури пет претмети меѓу кои и акцијата „Планина“ во која главните од групата Дуќанџик им избегаа на органите на прогонот. Министерот Тошковски најави дека истрагата за Грчец ќе се шири, а така ќе биде и за службениците од МВР кои ги кршат законите. 

Таков беше кочанскиот началник во МВР кој со легитимација во повеќе наврати помивал низ патарини без да плати. Пред него, фатени беа и 12 полицајци кои организирани со уште 6 вработени во државните патарини, без да платат поминале 959 на наплатната станица Романовце. Има и такви кои кривично ќе одговараат за примање мито за да не напишат казна, издавале државјанство за луѓе кои не се во Македонија, а и полицаец кој ги љупел граѓаните за да им плати административна такса.

Од МВР уверуваат дека сите кои ќе бидат фатени како ги прекршува законите ќе се сноси и со дисциплинска или суспензија.