Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Тошковски: Со „Безбеден град“ за 20 отсто е намален бројот на повредени од сообраќајки

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на седницата за пратенички прашања…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска на седницата за пратенички прашања истакна дека досегашните резултати од проектот „Безбеден град“ се многу позитивни и оти за 20 проценти е намален бројот повредени од сообраќајќи.   

– Резултатите коишто досега се увидени и тоа како се позитивни. Јас би сакал од оваа говорница да упатам огромна благодарност до македонските граѓани заради тоа што тие се тие кои спасија човечки животи во изминатиов период имајќи го предвид намалувањето на бројките што како тешки случаи се пристигнати во рамки на Клиничкиот центар во Клиниката за трауматологија од аспект на задржани тешки пациенти на понатамошно лекување, согласно информациите што ги имам добиено за овој временски период во споредба со претходниот временски период. За околу 20 проценти е намален вкупниот број на третирани пациенти во рамки на оваа клиника, што е и тоа како е многу добар предзнак за резултатот којшто треба да го даде имплементирањето на овој проект, рече Тошковски.

Според него, тоа е заслуга на секој македонски граѓанин учесник во сообраќајот особено оние кои управуваат моторни возила. Министерот Тошковски кажа дека иако граѓаните знаат дека нема да има казни во овој период туку само опомена без ефективна реализација, го забавиле управувањето на моторните возила, а тоа пак довело до резултат којшто „на крајот го гледаме како намалување на пациенти на Клиника за трауматологија“, и тоа е заслуга на македонските граѓани.

Реклама

– Покажавме дека како нација сме спремни да одговориме на ваков тип на предизвици и притоа да имплементираме вистина еден европски проект којшто слободно да констатирам го има скоро во секоја земја – членка на ЕУ, а се со цел да ја заштитиме безбедноста на нашите граѓани и се со цел да имаме колку што е можно помалку жртви на сообраќајни незгоди, рече Тошковски на седницата за пратенички прашања.

Меѓу позитивните резултати од овој проект, според Тошковски, ќе бидат и трошоците за сторени сообраќајни незгоди.

– Зошто. Заради тоа што трошоците што ги чинат македонските граѓани имајќи ги предвид сите оние трошоци што произлегуваат од сторени сообраќајни незгоди согласно една експертиза на стручњаци која што јас имав прилика да ја видам изминатиов период се во 2023 година, биле некаде околу 400 милиони евра. Тоа е една средна анализа на земени трошоци согласно две методологии коишто се применети. Во едната методологија анализата е мислам дека некаде околу 450 милиони евра, во 2023 во другата негде отприлика 380 средна вредност негде околу 410 милиони евра трошоци настанати како последица на сообраќајни незгоди во 2023 година во Македонија, рече Тошковски.

Според него, тоа е една катастрофална вкупна сума која што македонските граѓани ја издвојуваат за да ги подмират овие трошоци што настануваат како последица на непочитување на сообраќајни правила.

– Имплементацијата на овој проект е особено значајна во најголемиот град, значи во Скопје и согласно претходните планови на претходната Влада која што ги имала, за жал, не ги имплементирала, но и тогаш било планирано овој проект да се имплементира Скопје – Куманово и Тетово, во прва фаза. Ние ги додадовме во изминатиов период заклучно со 1 февруари 2026 година како црни точки што сметавме дека мора да бидат вклучени и Коридор 8 и Коридор 10. Од 1 февруари се очекува да стапиме во практична примена на овој паметен систем освен во главниот град, во Куманово и Тетово како градови што се одбрани од претходно за прва фаза на имплементација и Коридор 8 и Коридор 10, рече министерот за внатрешни работи.

До средината на 2026 година системот „Безбеден град“ треба да се стави во функција во сите градови во земјата.