Реклама

Во Прилеп се одржа едукативен соларен саем за искористување на обновливите извори на енергија, посебно сончевата

Потребни се радикални чекори за враќање на довербата во судството: Уставниот суд бара поголема отвореност и одговорност

Хаг ја отвори Пандорината кутија: Ако водството на УЧК во Косово се воени злосторници, што е со водството на УЧК во Македонија?

Хаг ги осуди за воени злосторства водачите на ОВК – Хашим Тачи доби казна од 25 години затвор

Фон Дер Лајен пред Европскиот Парламент: Канада доби историска покана од ЕУ, Македонија и Западен Балкан нови патокази за членство

Николоски: Со решавање на проблемот со превозниците до поголем пристап на европскиот пазар

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

Македонија

Тошковски: СДСМ клевети и шири невистини, ги повикувам институциите да го проверат тендерот за униформи

Клевети и тенденциозни невистини шири Социјал-демократскиот сојуз – Панче Тошковски возвраќа на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Клевети и тенденциозни невистини шири Социјал-демократскиот сојуз – Панче Тошковски возвраќа на потегот на Богданка Кузеска која достави до ДКСК документација за како што вели скандалозен тендер на МВР.  СДСМ обвинува и прашува дали тендерот за полициски униформи бил однапред договорен и доделен на фирми блиски до власта? 

  • Денеска сме пред Државната комисија за спречување на корупцијата, да побараме итно постапување по овие сериозните сомнежи за корупција. Ќе и предадеме документи. Да се истражи до крај, дали станува збор за местен тендер, однапред договорен? Чии интереси стојат зад овој тендер вреден 4 милиони евра? прашува Кузеска.

Според министерот за внатрешни работи, сите  јавни набавки на МВР се јавно достапни и граѓаните не верувале во овие манупулации на опозицијата.

  • Уште еднаш ги повикам Јавното обвинителство и сите останати институции кои имаат надлежност во овој дел да дојдат во рамки на Министерството за внатрешни работи, во одделот што ги спроведува овие јавни набавки, да ги видат сите документи што се поврзани со предметната набавка. Министерството за внатрешни работи е транспарентно и ќе биде транспарентно во целост на оваа постапка, изјави Тошковски при денешната посета на граничниот премин „Јажинце-Глобочица“ со цел пуштање во употреба на One Stop системот за заедничка интегрирана контрола.

Сузбивањето на криминалот и корупцијата остануваат врвен приоритет во Министерството, вели Тошковски, кој е задоволен од обвиненијата за Беланоца/Барон и криминалната група на Раде Трајковски Штекли. Според министерот, инциденти имало и ќе има, но најважно е со која брзина ги расветлува МВР.

Реклама
  • Многу пати имам кажано, не само јас и Јавното обвинителство и експерти од областа, дека од ваков тип на организирани и координирани акции помеѓу ЈО и МВР, каде што во текот на една акција се разоткриени повеќе од осум убиства, нешто што беше незамисливо до 2024 година во Македонија, а не верувам дека ќе има во иднина. Заради тоа што не верувам дека во иднина ќе има министри кои што во период од осум години нема да си ја работат својата работа и ќе дозволат Јавното обвинителство заедно со министерството да разоткријат ваков тип на криминали, само во една акција, изјави Тошковски.

Инаку, Тошковски заедно со неговиот косовски колега Свечла го означија старот на користење на ситетмот  One Stop Shop на граничниот премин Јажинце, со што граѓаните со едно застанување ќе поминуваат од Македонија во Косово и обратно. Претходно, системот започна да функционира и на Балце, а ист договор е потпишан и со Србија. Во идниот период се очекува One Stop Shop да се имплементира на граничните премини и со Албанија. Ова значи дека сите гранични формалности ќе се завршуваат на едно место, односно една пасошка контрола, што ќе  значи помалку чекање на граница, а податоците ќе се разменуваат во реално време преку современ технолошки систем.