Реклама

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Али Ахмети на улиците на Приштина: Маршираше за поддршка на можни осудени воени злосторници

„На нишан“ уште неколкумина за мито: Возачот на владиниот ген сек и функционерот во Царина не се единствени…

Руралната жена, чувар на домашните вкусови и традицијата – во Прилеп се одржа петтото издание на „Slow Food Prilep“

Огнот остава милионска штета: 138 шумски пожари до крајот на јули

„Не дај боже повеќе такви Влади“: Филипче наместо да се извини, без срам ги брани и фали Заев и Ковачевски

СКОПЈЕ ДОБИВА НОВ ЕНЕРГЕТСКИ ЦЕНТАР: Два генератори ќе произведуваат струја и топлина

Николоски: Замолувам, апелирам Обвинителството да ја истражи работата на претходното раководство на ЈП „Македонија пат“

Театарот „Антон Панов“ го бојкотира „Ристо Шишков“

Мицкоски: Многу бргу ќе има конечно решение за новиот клинички центар

Македонија

Тошковски: Причина за сообраќајката во Кичево е неприлагодената брзина

Според првичните информации, причина за вчерашната сообраќајна несреќа во која загинаа три…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Според првичните информации, причина за вчерашната сообраќајна несреќа во која загинаа три лица, а осум беа повредени, е неприлагодената брзина на патот, изјави министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски, кој денеска е во посета на СВР Охрид.

„Во синоќешната сообраќајна несреќа, за жал, животот го загубија три лица. Според првичните информации што ги добив, станува збор за огромна неприлагодена брзина на еден од учесниците, кој, за жал, е починат“, изјави Тошковски.

Министерот додаде дека бројот на сообраќајни жртви во првото тримесечје од годинава е отприлика сличен како минатата година, но како што оцени, бројките се катастрофални во споредба со европските стандарди.

Реклама

„Во иднина, максимално мора да се фокусираме на поголемо смирување на сообраќајот од секој аспект, како и на имплементирање на проектот „Безбеден град“ на целата територија на државата“, нагласи Тошковски.

Минатата недела, како што соопшти, на ЕНЕР се ставени дел од потребните закони за имплементација на проектот „Безбеден град“.

Сообраќајната несреќа се случи вчера меѓу Кичево и селото Трапчин дол. Според првичните информации што ги даде портпаролот на СВР Охрид за МИА, во несреќата учествувале три возила.