Реклама

Мицкоски: БДП расте побрзо од јавниот долг, споредбата со СДСМ и ДУИ покажува далеку подобри економски резултати

Епидемискиот бран на Западно-нилска треска е во нагорна линија

Пи-ар тимот на СДСМ „растура“: Празните соопштенија не се само безидејни, туку и го симнаа нивото на комуникација

Обвинителство или штит за функционерите? Последни денови на Ислам Абази

„7-ми Мај“ се враќа по 25 години: Над 600 кандидати за 200 места, одлични услови во новото училиште за идните полицајци

Шангајската листа повторно без македонски универзитет: Спасот се бара во законите кои заглавија во собранието

Средба Муцунски – Мацинка: Приоритет на Чешка е Македонија што поскоро да стане членка на ЕУ

Почнаа уписите на УГД во Штип, слободни 3.300 места

Филипче кани гости, па исчезнува: Не викна во партија да му снимиме изјава и целосно го снема

Огнената стихија во прилепско не стивнува

Сѐ помалку пари кај земјоделците, сѐ повеќе кај трговците: трошоците растат, откупните цени одат надолу

34 години АРМ: Од првиот војник во македонска униформа, до армија дел од најмоќниот воен сојуз во светот

Македонија

Тошковски: Покажавме дека државата и институциите можеме да одговориме на секаков предизвик, МВР покажа максимална професионална подготвеност

Покажавме дека државата и институциите, особено  со докторите, медицинските сестри и здравствените…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Покажавме дека државата и институциите, особено  со докторите, медицинските сестри и здравствените работници, кога сме заедно, посветени, можеме да одговориме на секаков предизвик. Министерството за внатрешни работи покажа максимална професионална подготвеност во делот на транспортот и преземање на сите надлежности за се што беше потребно да се одговори на медицинските служби најбрзо што може. Тоа го истакна денеска министерот за внатрешни работи Панче Тошкоски во своето обраќање на првиот панел „Европски механизам за цивилна заштита и меѓународниот одговор: координација, солидарност и искуства“ во рамките на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, што се одржува денеска во Скопје.

Тој изрази сочувство до семејствата на загинатите и благодарност до сите што помогнаа во справувањето со трагедијата.

– Сметам дека нивната солидарност, отвореност и спремност да помогнат беше клучна за да можеме да одговориме максимално соодветно на сето она што се случи, а беше една огромна трагедија, заклучи Тошковски. 

Реклама

Според него, симулациската вежба за цивилна заштита која беше реализирана непосредно пред трагедијата во Кочани, со учество на МВР, Министерството за здравство, Црвениот крст, Противопожарната служба на Град Скопје, била поучна за тоа што треба да се подобри како да изреагираат во иднина.

– На 1 февруари 2025 година учествувавме на вежба, на клучката Кадино во Скопје, на симулирана сообраќајна незгода меѓу комбе кое пренесувало мигранти и автобус со повеќе жртви. Сите од овие институции требаше да дадат одговор во рамките на својата надлежност, најбрзо, најефикасно и најдобро изреагираа со цел да имаме колку што е можно подобар одговор на настанатата ситуација.  Оваа вежба навистина беше многу добро организирана и многу  корисна не само за припадниците на МВР, кои беа на лице место, го обезбедија настанот, извршија анкетирање со потенцијалните сторители на било какви кривични дела, со сведоците, укажаа помош на жртвите, ги спроведоа до здравствените установи. Беше од голема корист за сите институции кои беа на терен, рече Тошковски.

Вежбата, нагласи тој, била поучна за тоа што треба да подобрат и како да изреагираат во иднина. Сите учесници заклучиле дека такви вежби треба да има сè повеќе во иднина со цел да имаме поголема подготвеност за несакани состојби кои може да настанат.

– За жал, на неколку месеци по изведувањето на вежбата, која беше симулација, се случи вистинска трагедија на 16 март. Навистина сметам дека на таква трагедија ретко која држава може да одговори максимално ефикасно, брзо и соодветно. Тоа беше ужасна трагедија и се надевам дека никогаш повторно нема да ни се случи нешто слично, рече Тошковски.

На денот на трагедијата, но и деновите потоа, нагласи, Министерството ангажирало околу 3.000 полициски службеници, кои покрај обезбедувањето на местото на настанот, извршиле увид, ги преземале сите криминалистичко-оперативни активности поврзани со  кривично-правниот настан и биле вклучени во сите дејства што следеа поврзани со спасувањето на човечки животи, транспорт на пациентите и слично.

– Вкупно 115 повредени лица беа транспортирани до странски здравствени установи, каде полициските служби продолжија да обезбедуваат поддршка. Специјални полициски сили со две медицински возила дадоа придонес за транспорт на повредени лица, беа вклучени двата хеликоптери на Министерството за внатрешни работи, граничната полиција, лица од Одделот за управни работи кои брзо ги издаваа сите потребни документи за повредените или нивните семејства, доколку некој немаше, рече Тошковски.

Посака никогаш повторно да не ни се случи таква катастрофа.