Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Тошковски: Општество кое има сигурни и безбедни новинари е демократско општество

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (04.11.2024) во Клубот на новинари…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, денеска (04.11.2024) во Клубот на новинари учествуваше на заедничка прес конференција организирана од Здружението на новинари на Македонија на тема „ЗНМ, Јавно обвинителство, МВР – Заеднички напори за институционална заштита на медиумските работници“.

Министерот Тошковски потенцираше дека новинарите претставуваат чувари на демократијата и во општество во кое има слобода на говор, истражувачко новинарство, сигурни и безбедни новинари, може да каже дека е општество кое се движи по патот на едно демократско општество.

„Секаков тип на закана, физичка или вербална, особено кога е насочена кон новинари, треба да има сериозен аларм во рамки на работењето на министерството за внатрешни работи и во рамки на работењето на сите истражни органи, ако сакаме да имаме нормално општество. Се надевам дека во изминатиот период, во рамки на сите случаи, МВР реагирало соодветно и во иднина мораме да се фокусираме максимално транспарентно, посветено и професионално да реагираме на сите овие случаи, и тоа не на декларативно ниво, туку и МВР, ЈО и Судот за овој тип на предмети да дадат соодветно значење, се со цел на крајот на денот, новинарите како чувари на демократијата да ја имаат соодветната заштита во рамки на едно демократско општество. Сето тоа ќе има максимален ефект ако ние како институции сме максимално транспарентна. Еве можам да кажам дека индексот на активна транспарентност на МВР е зголемена и од 87.8% сега е на 95.7% што кажува дека МВР се движи во правилна насока.“, потенцираше министерот Тошковски во своето обраќање.

Реклама

Тошковски ги охрабри новинарите, како круцијална алка, полициските службеници кои работат на овие случаи, Јавното обвинителство и судовите да имаат фокусиран пристап на разоткривање на ваков тип кривични дел коишто на крај треба да завршат во рамки на една процесна правда, со пресуди коишто ќе бидат во насока на втемелување на овие принципи на едно демократско општество.

„На таков начин сигурен сум дека се повеќе и повеќе ќе ја зацврстуваме улогата на новинарите во нашето општество, да даваме значење на она што треба да значи силно новинарство, кое ќе биде додадената вредност на едно демократско општество.“, потенцираше на крај министерот Тошковски.