Реклама

5. издание на „Преку езерото“ – студентска работилница со Александар Русјаков

Наскоро целосно археолошки заштитена ќе биде црквата на локалитетот Кале кај Крупиште

Алфа тема: Дали младите бегаат од политиката или само бегаат од партиските поделби?

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

Македонија

Тошковски од Атина: Криминалот и тероризмот функционираат како хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор

Повеќе не можеме да ги гледаме криминалот и тероризмот како одвоени појави.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Повеќе не можеме да ги гледаме криминалот и тероризмот како одвоени појави. Тие сè повеќе се поврзуваат и функционираат како една хибридна закана, која бара заеднички координиран одговор. Безбедноста на секоја држава е директно поврзана со безбедноста на нејзините соседи. Затоа, клучно е да ги зајакнеме регионалната соработка, размената на информации и заедничките оперативни активности, истакнал денеска министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски во обраќањето на министерскиот состанок во Атина.

Тошковски, како што информира на својот фејсбук-профил, учествувал на состанокот заедно со директорот на Бирото за јавна безбедност и директорката на Агенцијата за разузнавање.

Министерскиот состанок бил во рамките на Акаба-процесот, посветен на борбата против организираниот криминал и тероризмот на Балканот. 

Реклама

Тошковски во рамките на посетата на Атина се сретнал и со министерот за заштита на граѓаните на Грција, Михалис Крисохоидис, на која разговарал за продлабочување на билатералната соработка во борбата против организираниот криминал, трговијата со дрога и нелегалната миграција.

– На средбата посебно зборувавме за изнаоѓање заеднички решенија за надминување на предизвиците произлезени од имплементацијата на новиот систем за влез/излез на ЕУ (ЕЕС), со посебен акцент на намалување на времето на чекање на граничните премини во пресрет на туристичката сезона. Министерот Крисохоидис ја прифати поканата да ја посети нашата држава, да разговараме за унапредување на соработката, пред сè, во борбата со организираниот криминал и заеднички да лоцираме решенија за предизвиците со кои се соочуваме – наведува министерот Тошковски.