Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Тошковски: Ќе се шири истрагата за Грчец

Ќе паѓаат уште глави од картелот од Грчец и нивни соработници. Голем…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ќе паѓаат уште глави од картелот од Грчец и нивни соработници. Голем број пораки и материјал од комуникацијата на енкриптираната апликација „Скај“ ќе ги открива сите кои се вмешани во бизнисот на подземјето. Панче Тошковски, министерот за внатрешни работи вели дека истрагата може да открие организиран криминал и висока корупција, по примерот на двајцата пензионирани инспекториза имотни деликти кои им откривале службени тајни и ја алармирале групата „Дуќанџик“ за акциите и апсењата кои ги планира полицијата скоро година ипол.

  • „Во иднина ќе има доста интересни случаи за јавноста а поврзани со организиран криминал и висока корупција. Претпоставувам дека во иднина ќе следат поголем број на случаи коишто се поврзани со доказниот материјал обезбеден од страна на Скај апликацијата“, вели Тошковски.

Останува можноста и други полицајци да се вмешани во протекувањето на службени тајни од МВР. Двајцата инспектори кои работеле за групата од подземјето, успеале да заташкаат дури пет претмети меѓу кои и акцијата „Планина“ во која главните од групата Дуќанџик од Грчец заедно со шефот им избегаа на органите на прогонот. Протекувале детали и од истрагите за убиства од 2020 и 2021 година, а се служеле и со закани – жртвите да менуваат искази пред инспекторите.

https://alfa.mk/policziski-inspektori-im-prenesuvale-sluzhbeni-tajni-na-chlenovite-na-bandata-dukandhik-od-grchecz

За одадените тајни, полицајците биле дебело наградувани со станови, коли и кеш кои не можат да се дозволат со плата на полицаец. Уапсените кои паднаа сега но и во претходната акција на полицијата,  комуницирале на енкриптираната „SKY/ECC“ апликација преку која паѓале договори за набавка и пренесување на кокаин од Јужна Америка преку Европската Унија до Македонија.

Реклама

Додека мрежата на Муареми се отплеткува, тој засeга е само осомничен, бидејќи е во бегство и се наоѓа во Дубаи. Во јули годинава беше поднесено обвининие за петмина од групата Дуќанџик од Грчец кои се товарат за шверц и продажба на кокоаин.