Реклама

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Нема да има предвремени избори! – Гаши се потпира на своето „шесто сетило“ во својата политичка процена

Нови строги правила на ЕУ: Кос предлага новите членки да немаат право на вето, со ризик за суспензија на гласот и скратени финансии

Уапсен кумановски лихвар и насилник – Закани со колење на плоштад упатени кон премиерот Мицкоски

Мерките на Владата даваат резултати – дизелот поевтинува за два денари

Центрите за податоци – нова шанса за развој на Македонија

Владата со два јавни повици за осовременување на македонските компании во вкупна вредност од 7 милиони денари

Оризопроизводителите со две барања до министерот, 8 денари поддршка и нова цена

Македонија

Наутро минус, попладне 20 степени, температурните разлики ги полнат амбулантите

Наутро минусни температури а преку ден до 20 и повеќе степени –…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Наутро минусни температури а преку ден до 20 и повеќе степени – драстичната промена на времето повторно ги наполни амбулантите на матичните доктори. Температурната разлика за толку кратко време, лошо влијае и врз хронично болните и кај здравите и млади луѓе велат лекарите. Речиси, нема семејство во кое нема заболен, а потоа грипот лесно се шири и кај другите членови. Дава сериозна клиничка слика со висока температура која трае со денови, растечен нос, кашлица и болки во грлото и телото. Докторите алармираат дека најризични се децата до четири години, кај нив вирусот многу брзо прогресира.

Не се само вируси има и бактерии..температурите се навистина променливи ако утрата се – 0 а додека попладне достигнува до 22 степени тоа се навистина големи температурни разлики. Треба граѓаните да се облекуваат слоевито. Препорачувам цел март да се носи топла облека, поради тоа што во овј месец во исти ден може да се смени времето за неколку сезони, и топло и ладно дожд и снег затоа што овој месец е како што велат како жените со променливо расположение вели д-р Лилија Чолакова Дервишова – матичен лекар.

Пикот на грипот е зад нас, но во следниот период започнуваат пролетните алергии. Докторите советуваат граѓаните кои веќе имаат потврдена алергија две недели пред да почнат да цветаат дрвјата да почнат со терапијата, а сите кои имаат често кивање, печење во очите и секрети во носот да се јават на лекар зашто поленот може да им прави проблеми цело лето.

Реклама

Почнуваат да се жалат луѓето тоа ќе биде со најголем интензитет во периодите кога ќе почнат да цветаат дрвјата, така да, поленот ќе биде во самиот воздух, се јавуваат алергиски реакции но сепак не доминираат во нашата пракса во моментот, додека загаденоста влијаеше кај астматичарите заради тоа што има денови кога воздухот и маглата кога ја имаше тогаш доминираа напади со астма и млади кои имаат ХОБвели д-р Чолакова Дервишова.

Годинава бројот на заболени од грип во споредба со истиот период лани е зголемен за четири пати. Оваа сезона на грип според подотицте на ИЈЗ има пријавено околу 20 илјади заболени од инфлуенца. Лекарите алармираат дека пациентите имаат поагресивни и подолготрајни симптоми, а според епидемиолозите, тоа се должи на мутациите на вирусот.