Реклама

Мегафоните подготвени, слоганот напишан, грантот добиен: Невладиниот сектор го киднапира јавниот простор

Едносменската настава ги дава првичните резултати – поодморени деца, помала потрошувачка на струја во училиштата

Секој втор возрасен пуши, цигарите подостапни иако расте нивната цена

Тази дупка, не е дупка: Лидерот на СДСМ како да паѓа во очај- Венко Филипче индиректно бара од ЕУ да го донесе на власт

По долго одовлекување , СДСМ конечно собра храброст за продолжување на надзорната расправа за „Алта Банка“

Секој трет стан празен, цените напумпани, ќарот огромен: Попустот за становите нема да биде удар врз градежните фирми

Хорор во Крагуевац – ученик пукал кон хигиеничарките

Се тепаат татковци и синови, нападнати се мајки и жени, закани со оружје – Како насилството ни стана секојдневие

Муцунски на министерскиот состанок во Атина, во среда нов самит ЕУ-Западен Балкан

Побрзо до сопствен дом, олеснувања за студентите- граѓаните очекуваат мерките да ги мотивираат младите да останат во Македонија

Извештајот на ЕК во Собрание: Сите гледаат напредок за Македонија, освен Венко Филипче

Најмалку 10 проценти од становите во новоградбите ќе се продаваат по 20 проценти пониска цена за млади брачни парови

Македонија

Томовски за Кочани: Обезбедивме 30 милиони денари за пациентите и нивните семејства кои се лекуваа во странство

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски на трибина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Службата за општи и заеднички работи Ивица Томовски на трибина „Кочани е нашиот приоритет“, која се одржи во Владата и која беше посветена на трагедијата во Кочани, говореше за реализираните активности во делот на логистиката, особено во делот на поддршка на семејствата коишто заминаа заедно со повредените кои беа на лекување во странство.

-На тој кобен неделен ден, на кризен координативен состанок Владата ја задолжи Службата за општи и заеднички работи да биде логистика и поддршка на луѓето коишто ќе се лекуваат надвор од Македонија. Тука би сакал да изразам една голема благодарност до Министерството за надворешни работи и Министерството за одбрана коишто ни беа логистичка поддршка на терен, особено во странство и сите амбасадори коишто ни беа таму нашата поддршка и поддршка на пациентите, изјави Томовски.

Тој изјави дека веднаш е објавен телефонски број, којшто и ден денес е достапен за сите луѓе коишто беа засегнати во оваа несреќа. Томовски информираше дека од резервите на Буџетот на државата се одвоени 30 милиони денари за да се пружи помош при транспортот, сместувањето на придружбата на овие пациенти и дека до овој момент се потрошени 21 милион денари државни пари.

Реклама

-Издвоивме почетни 30 милиони денари од резервите на Буџетот на државата за да се пружи помош при транспортот, сместувањето на придружбата на овие пациенти и додаде:

-Уште 7 пациенти се на долекување во странство, исто имаат придружба, исто така им се покриваат трошоците за сместување и се надевам дека за брзо ќе ги вратиме назад во нашата држава. Она што би сакал да го потенцирам е дека до овој момент се потрошени некаде околу 21 милион денари државни пари, коишто повторно ќе напоменам, тоа не значи дека тука се завршува. Државата стои на располагање и ќе стои се до оној момент додека не добиеме јасна слика и додека не си ги вратиме пациентите тука назад во Македонија и да ги излекуваме до крај, информираше директорот Томовски.

Тој се осврна и на соработката со Црвениот крст, и истакна дека Владата се придружила на донаторската сметка на Црвениот крст.

-Исто така, имавме соработка со Црвениот крст, бидејќи се придруживме на донаторската сметка на Црвениот крст и пруживме помош на пациентите и на луѓето коишто се лекуваат и во странство и во Македонија, подвлече директорот на СОЗР, Томовски.