Реклама

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Светска Банка ја подобри прогнозата за економскиот раст на Македонија за годинава од 2,9% на 3,2%

Во Дојран запленети 79 килограми марихуана – Нова акција во која е разбиена меѓународна криминална група

Муцунски и Петрова ќе се сретнат в четврток во Софија

Златна маска стара 26 векови кај Струшко: сензационално археолошко откритие на локалитетот Расница

Штипскиот универзитет промовираше прирачник за рано препознавање на сите форми на насилство во училиштата

Нови апсења се случуваат во Државна лотарија

Со 12,8 милиони евра ќе се помагаат земјоделците, почнува доделувањето на картички за зелена нафта

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Македонија

Томовски: По трагедијата во Кочани, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно

Денес, на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Денес, на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, уште еднаш се навративме на една од најтешките трагедии што ја погоди нашата држава, истакна директорот на Службата за општи и заеднички работи (СОЗР) на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“.

-Најнапред сакам повторно да изразам длабоко сочувство до семејствата на настраданите. Нема зборови со кои може да се утеши загубата, ниту пак има реченица што може да ја намали болката што ја носат. Болката е заедничка и човечка, и национална. Во тие тешки моменти, како институции имавме должност да реагираме брзо, одговорно и солидарно, нагласи Томовски.

Томовски потсети дека отвориле донаторска сметка преку Црвениот крст, свесни дека многу граѓани сакаат да помогнат и да дадат свој придонес во овој тежок и немил настан.

Реклама

-Истовремено беше свикана итна владина седница, на која од буџетските резерви беа издвоени почетни 30 милиони денари, со цел семејствата да можат да бидат во непосредна близина на повредените кои се лекуваа надвор од државата. Како Служба за општи и заеднички работи, заедно со сите институции, бевме достапни 24 часа дневно. Мојот службен телефон беше ставен на располагање за комуникација со семејствата и засегнатите и до денес сè уште добивам повици од луѓе кои бараат поддршка, информација или едноставно разговор, посочи тој.

Томовски потенцира дека во функција за транспорт на пациенти бил ставен и владиниот авион, затоа што, посочи, во такви моменти секоја минута, секоја одлука и секоја подадена рака значи живот.

-Оваа конференција не е само потсетник на трагедијата. Таа е и обврска да извлечеме поуки, да ги зајакнеме институционалните механизми, да ги унапредиме клиничките протоколи и никогаш повеќе да не дозволиме ваква болка да ја затекне нашата држава неподготвена. Во спомен на жртвите, во поддршка на нивните семејства и во име на идните генерации, наша должност е да изградиме посилен, похуман и поподготвен систем. Никогаш да не се повтори, наведе директорот на СОЗР Томовски.