Реклама

„Колегиум“ на Алфа ТВ – нова емисија со директни прашања и актуелни теми што ја засегаат јавноста

Македонскиот јазик ги спојува континентите: 60 македонисти од 17 земји во Македонија

Тутунскиот комбинат Прилеп оштетен за 3,3 милиони денари – кривични пријави за екс-директор и негови соработници

АХВ демантира: Угинатите овци во Соколарци се соодветно закопани и извршена е дезинфекција

Филипче куртули: Обвинителството ја затвори предистрагата за набавката на модуларните болници за време на ковид кризата

„Сејф сити“ ги стигна и станците: Казните ги чекаат на Табановце, над 33 илјади прекршоци

Попустите остануваат – и оваа година поевтин училишен прибор за учениците

Мицкоски ја фрли изборната ракавица: ДУИ самоуверено ја прифати, СДСМ со наведната глава одбија

Приоритетите на дипломатијата: Националните интереси, економијата и грижа за иселениците

Мицкоски не сака да губи време со Радев: На заедничка маса само за конкретни разговори и решенија

Летото не попушта, нов топлотен бран во Македонија

Димитриеска-Кочоска: Буџетот се полни солидно

Македонија

Томовски: Маричиќ прв пример за недомаќинско работење, најголем потрошувач

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Директорот на Службата за општи и заеднички работи на Владата Ивица Томовски вели дека одредени министри од минатата Влада се однесувале недомаќински и трошеле многу.

– Прв пример ни е Маричиќ секојдневно го слушаме, најголемиот потрошувач, рече вечерва Томовски.

Тоа, дополни, го работи Обвинителството.

Реклама

– Тука малку ни каска Обвинителството, не постапува посоодветно, дали немаат доволен капацитет, дали не се доволно добро организирани, но да, во право сте, во рокот од 11-12 месеци досега требаше да има повеќе дела не само во Службата за општи заеднички работи туку генерално во целата држава. Но, ајде да се надеваме дека ќе се оправат или пак ќе треба да се бара решение да се прави нов избор или реизбор, наведе Томовски.

Директорот на СОЗР соопшти и дека во СОЗР во моментов се вршат испитувања од одделот за економски и организиран криминал во Министерството за внатрешни работи.

– Апсолутно се согласувам, можеби работите одат споро, но има одредени дела. Службата има околу 400 директно вработени и уште 300 надворешни, хигиена, одржување, обезбедување кои се преку фирми. Имаше дела, имаше едно дело каде претходниот директор заврши во притвор, не знам дали е уште во притвор, но имаше дела кои му се водат од страна на Финансиската полиција, има уште едно не би можел да кажам дека е дело но дека се врши испитување истражување од страна на МВР, одделот за економски и организиран криминал, па да оставиме да видиме, тие се службите коишто треба да извадат некакво дело, да го дадат до Обвинителството, тоа да постапи. Наше е да им ги отвориме вратите, да им ги дадеме документите на увид, рече Томовски.