Реклама

Девет дена без чиста вода во Гостивар

Истокот ги санира последиците од невремето

Забрзано се гради автопатот Охрид – Кичево, се работат најкомплицираните 10 километри

Американските царини го тресат светскиот пазар

Македонија и натаму земја со најниски цени на горивата во регионот и без рестрикции

Охрид пред нов испит – експертите оптимисти, Пецаков најавува работа

Муцунски: Нема промена на македонските позиции

Вардар се исчисти од белата пена – се чекаат резултатите од испитувањата

Гостиварчани да бидат потрпеливи, се работи на отстранување на проблемот – потребно е подолго време да се нормализира состојбата

Одлуката на УНЕСКО за Охрид е значаен дипломатски успех на државата

Нов член на Владата: Зејнула избран за министер без ресор, СДСМ гласаше против, иако немале ништо лично против него

Продолжува опремувањето на македонските касарни, во прилепската – изграден воен хангар во вредност од 10,5 милиони денари –

Македонија

Томо Поповски од Скопје меѓу победниците на глобалниот ликовен конкурс по повод Светскиот ден на храната

Дванаесетгодишниот Томо Поповски од Скопје е избран за еден од победниците на глобалниот ликовен конкурс по повод Светскиот ден на храната 2025, организиран од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), што претставува четврти пат млад уметник од Македонија да биде препознаен меѓу победниците на светско ниво. Ученик во седмо одделение во ООУ […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дванаесетгодишниот Томо Поповски од Скопје е избран за еден од победниците на глобалниот ликовен конкурс по повод Светскиот ден на храната 2025, организиран од Организацијата за храна и земјоделство на Обединетите нации (ФАО), што претставува четврти пат млад уметник од Македонија да биде препознаен меѓу победниците на светско ниво.

Ученик во седмо одделение во ООУ „Кочо Рацин“, Томо победи во категоријата од 9 до 12 години со својот цртеж инспириран од темата на конкурсот – „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“, која ја истакнува итната потреба од заедничка акција и глобална солидарност за градење мирна, одржлива и просперитетна иднина во која секој човек има пристап до здрава исхрана.

Неговото уметничко дело прикажува луѓе од различни култури кои работат заедно околу нашата планета, опкружени со разновидна и здрава храна што симболизира соработка, одржливост и надеж. Преку својот цртеж, Томо пренесува едноставна, но моќна порака: кога луѓето работат заедно, можат да ги надминат предизвиците и да создадат подобра иднина за сите.

Реклама

„Мојот цртеж е инспириран од идејата дека луѓето можат да постигнат големи нешта кога работат заедно“, вели Томо. „Храната не е само нешто што ни е потребно за да преживееме; таа е нешто што ги поврзува семејствата, заедниците и народите.“

Томо е четвртиот млад уметник од Македонија кој добива глобално признание на Ликовниот конкурс по повод Светскиот ден на храната на ФАО, по Сара Цветкова (2019), Павел Милановски (2020) и Михаела Стојменовиќ (2022). Нивните успеси ја одразуваат креативноста и растечката свест на младите во Северна Македонија за прашањата поврзани со обезбеденоста со храна, земјоделството и заштитата на животната средина.

Рамо до рамо за подобра иднина Секоја година, Ликовниот конкурс по повод Светскиот ден на храната на ФАО ги охрабрува децата и младите од целиот свет преку уметност да ја споделат својата визија за подобра иднина. Темата – „Рамо до рамо за подобра храна и подобра иднина“ – ја слави моќта на солидарноста и заедничкото дејствување во градењето свет во кој секој има пристап до здрава исхрана и живее во хармонија со природата. Преку своето уметничко дело, Томо нè потсетува дека подобрата иднина започнува со соработка. „Работејќи заедно, почитувајќи ја природата и обезбедувајќи храна за сите, можеме да создадеме свет кој е поздрав, похуман и поодржлив“, вели Томо.

„Мојот цртеж е симбол на единство, солидарност и надеж за идните генерации.“ Како четврти глобален победник од Македонија на овој ликовен конкурс, Томо се приклучува на извонредна група млади уметници чии дела придонесоа глобалното внимание да се насочи кон обезбеденоста со храна, одржливото земјоделство и важноста на заедничкото дејствување за подобра иднина. Неговиот успех уште еднаш покажува дека младите од нашата земја имаат важен глас во глобалната дискусија за иднината на храната, животната средина и нашата планета.