Реклама

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Македонија

Тим на лекари ќе се грижат за повредените пациенти во центарот за рехабилитација Пониква

Одморалиштето Пониква станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Одморалиштето Пониква станува рехабилитациски центар за сите повредени граѓани од трагедијата во Кочани, соопштија од владата.

Владата на вчерашната седница донесе одлука и го задолжи Министерството за внатрешни работи да го стави одморалиштето Пониква кое има 27 соби и 56 легна на располагање на Министерството за здравство за лекување на пациентите кои имаат потреба од дополнителна медицинска услуга во период од 10 јуни до 20 август. Дополнително, тим на лекари ќе се грижат и ќе обезбедат здравствена нега и ќе им пружат психолошка поддршка на пациентите. Нашата обврска како Влада е да понудиме и да обезбедиме целосна здравствена заштита. Доколку медицинските тимови и здравствени работници одлучат дека е потребно продолжување на временскиот период за лекување и рехабилитација на пациентите, Владата ќе ја продолжи одлуката. Пациентите нема да платат ниту денар, се е на трошок на Министерството за внатрешни работи и Владата кои ќе обезбедат сместување и оброк на пациентите, како и оброк за медицинскиот кадар. Приоритет се и ќе останат граѓаните. Нашата политика е да работиме одговорно и посветено, а не да влегуваме во дневно политичките обвинувања со одредени опозициски партии кои за жал од трагедијата сакаат да соберат некој поен, истакнуваат од владата.

Од првиот ден кажавме дека фокусот ни се граѓаните, нивните потреби и нивните барања. Продолжуваме да ја менуваме Македонија. Државата е на патот на промените, додаваат од македонската влада