Реклама

Митева: За прославата на независноста не се потрошени буџетски средства, целиот настан чинел 340 милиони денари

Николоски: Аеродромот „Свети Апостол Павле“ е модернизиран и наликува на мал музеј

Мицкоски: Владата е целосно ориентирана кон привлекување на инвеститори – бројките се јасни, разликата е огромна

Инвестицијата на Алказар ја промовира Македонија како извозник на „зелена енергија“

ЕУ да ја промени политиката: Наместо обиди да се „реформира“ идентитет, да се оценуваат реформите

Од Блаце во затворот во Шуто Оризари – Перпарим Бајрами се предаде по година и пол бегство

Државата мора да биде пред партијата- јасна порака од Брисел до македонските пратеници

Нула денари – граѓаните не дале ништо за прославата на 35-годишнината од независноста

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Македонија

ТХП: Загрижува фактот што во јавниот простор сè почесто се нормализираат навреди, закани и говор на омраза со етничка конотација

Партијата за Движење на Турците – ТХП со сериозна загриженост ги следи…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Партијата за Движење на Турците – ТХП со сериозна загриженост ги следи последните случувања поврзани со заканите и повиците за насилство кон новинарот и писател Ерол Ризаов, се вели во партиското соопштение.

Сметаме дека заканите кон новинар, особено кога се проследени со говор на омраза, навреди и етнички мотивирани пораки, не се само напад врз една личност. Тие претставуваат сериозен удар врз слободата на мислата, слободата на изразување и слободата на медиумите, а со тоа и врз демократските темели на нашето општество.

Во демократско општество никој не смее да биде загрозен затоа што има различно мислење, затоа што ја критикува власта или затоа што неговиот став не им се допаѓа на одредени политички или општествени кругови. 

Реклама

Особено загрижува фактот што во јавниот простор сè почесто се нормализираат навреди, закани и говор на омраза со етничка конотација. Македонија е мултиетничко и мултикултурно општество и секое неодговорно поттикнување на етничките поделби може да има сериозни последици врз меѓуетничките односи и врз стабилноста на целото општество.

Затоа, институциите мора да реагираат веднаш, сериозно и без селективност. Надлежните органи треба без одлагање да ги истражат сите закани и повици за насилство, да ги идентификуваат и санкционираат сторителите согласно закон и јасно да покажат дека ваквото однесување нема да биде толерирано.

Денес е загрозен еден новинар затоа што го кажал своето мислење. Утре може да биде загрозен секој граѓанин кој ќе се осмели да зборува поинаку. Токму затоа, одбраната на слободата на мислата и изразувањето не е прашање само на новинарите, тоа е обврска на целото демократско општество.

Партијата за Движење на Турците – ТХП останува цврсто посветена на демократските вредности, слободата на изразување, медиумскиот плурализам, меѓуетничката толеранција и еднаквоста на сите граѓани.