Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

ТЕКСТИЛНИТЕ РАБОТНИЧКИ НЕМААТ СИНДИКАТ ШТО ЌЕ СТОИ ЗАД НИВ И ЌЕ ГИ ШТИТИ, НЕОПХОДНО Е ИТНО ФОРМИРАЊЕ

Потребен е независен синдикат кој силно ќе ги брани работничките права на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Потребен е независен синдикат кој силно ќе ги брани работничките права на текстилните работнички. Во конфекциите речиси и да нема синдикални организации, покажуваат анализите на Здружението „Гласен Tекстилец„. Штипските борци за работнички права со најава за формирање на нов синдикат, во кој членство веќе најавиле и работници од други сектори.

 „Нема синдикати во текстилната индустрија. Ние се стремиме оваа година да го направиме тоа. Да формираме синдикат. Направивме некој промени во документацијата. Дури имаме најави од работници од јавниот сектор. Сакат да влезат кај нас технички персонал од градинки. Не само од Штип, имаме најава и од други градови. Ова ќе биде синдикат, кој ќе треба да покаже на репрезентативниот што значи да бидеш синдикалец и што значи да се бориш за своето членство„ -рече Кристина Ампева од Гласен Текстилец.

Ампева смета дека, македонскиот работник од приватниот сектор е обезвреднет, иако на своите плеќи ја носи целата економија во државата. Според неа, во корона кризата текстилните работнички беа ставени на маргините, а државата не ги заштити доволно. Тогашните мерки беа избрзани и не го дадоа посакуваниот резултат. 

Реклама

  „Ние тогаш рековме не ги давајте во име на плати. Текстилната индустрија сега не се соочува со криза. Ќе требаат подоцна! Меѓутоа парите беа дадени во име на плати, еден дел злоупотребени, одговор од ОЈОнема. Државни пари завршени во нечиј џеп е еднакво на воено профитерство, наместо парите да беа дадени во автоматизација и да излезевме на европскиот пазар и да кажеме произведуваме маски и други средства потребни за заштита од короната. Меѓутоа, не!„-изјави Ампева.

Една третина од работниците во  производствената индустрија се вработени во текстилната гранка. Анализите покажуваат дека трудот на македонскиот работник е најниско вреднуван во Европа. Работат во лоши услови, а дел од нив се без основни средства за заштита на работното место. Честа мета се на мобинг, а законската заштита од него е се уште бледа слика на заложбата за поголеми работнички права. 

Александра Ристевска