Реклама

Пратенички прашања: Македонија пример за Европа и со пофалби од Брисел, ама критикувана од Филипче во Скопје

Два милиони кубни метри отпад го загрозуваат Охрид – општината работи на изработка на техничка документација

Над 2 милиони евра финансиските друштва треба да вратат на граѓаните, низа неправилности утврди „ДПИ“

Мицкоски ја прошири понудата за студентите: „М картичка“ за повеќе привилегии и поволности и надвор од учебната година

Македонија го заврши техничкиот дијалог за „Роаминг како дома“

Тилев за Алфа: Дополнителните пари од ЕУ се признание за спроведените реформи, но и поттик тие да продолжат

Стратегија за туризам 2027 – 2032, развој надвор од Скопје и познатите туристички центри

Македонија чекор поблиску до единствениот енергетски европски пазар – целосна интеграција можна во 2027-ма година

Мицкоски по Самитот ЕУ – Западен Балкан: Доста е од билатерализација, да зборуваме за заслуги, се бориме за нашите аргументи

Општествена одговорност на дело, нов спортски терен од „Видеолотарија на Македонија“ за младите во Куклиш

Очајничка потрага по „бугарски жртви“ – нов пораз на обидите за монтажи на Бугарите

Самит ЕУ- Западен Балкан: Македонија е најдобра, испорачува реформи, на ред е Брисел

Македонија

Tech Conference 2026 собра над 160 технолошки лидери

Над 160 технолошки лидери, ИТ-директори, AI експерти и претставници на бизнис-заедницата учествуваа…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Над 160 технолошки лидери, ИТ-директори, AI експерти и претставници на бизнис-заедницата учествуваа на Tech Conference 2026: Shaping the Era of Agentic AI, што се одржа на 25 ноември во хотелот „Скопје Мериот“, во организација на Семос Едукација и CTO Professionals Club Macedonia.

Конференцијата обедини меѓународни и регионални експерти од Microsoft, G+D Netcetera, Raiffeisen Tech Kosovo, Стопанска Банка, NVIDIA екосистемот и други водечки компании, кои ги претставија најновите трендови, практични примени и предизвици на автономните AI агенти и нивното влијание врз иднината на бизнисот.

„Вештачката интелигенција повеќе не служи само за да одговара на нашите прашања. AI агентите веќе можат да донесуваат одлуки и да преземаат активности во реални деловни процеси. Но, вистинската трансформација бара повеќе од технологија. Таа бара знаење, нови вештини и лидерство што ќе ја претворат AI во реална деловна вредност“, истакна Валентина Тасева, CEO на Семос Едукација.

Реклама

Преку експертски предавања и практични демонстрации, учесниците имаа можност да се запознаат со концептот Agentic Enterprise, примената на Microsoft Copilot Studio, NVIDIA AI моделите и трансформацијата на деловните процеси со помош на вештачката интелигенција.

Посебен интерес предизвика панел-дискусијата „What CTOs Must Deliver in 2027“, на која технолошки лидери од Стопанска банка, Imperial Brands, EVN Group и Raiffeisen Tech Kosovo дискутираа за новите приоритети на CTO лидерите, управувањето со AI ризиците и стратешката улога на технологијата во создавањето деловна вредност.

Настанот го одбележа и првиот роденден на CTO Professionals Club Macedonia, кој за една година обедини 34 компании, поврза над 50 технолошки лидери и организираше седум настани. За 2027 година клубот најави проширување на членството и нови иницијативи за професионално поврзување и размена на знаења.

Tech Conference 2026 испрати јасна порака: иднината на бизнисот не зависи само од усвојувањето на вештачката интелигенција, туку од способноста таа да се претвори во реална деловна вредност.

Со овој настан, Семос Едукација и CTO Professionals Club Macedonia ја потврдија својата посветеност на поврзувањето на технолошката и бизнис-заедницата и забрзувањето на AI трансформацијата во регионот.

Повеќе информации за настанот: https://ctoclub.semoseducation.com/events.html