Реклама

Насилството не е болест, неговите корени лежат во семејството и во воспитниот систем уште од најраната возраст

Односот на Бугарија за Ива Михаилова ќе стане меѓународна тема: Македонија има механизми да ги врати и нејзе и нејзиниот татко

Инвестиции во образованието и наставниот кадар

Мицкоски: Се бориме цената на струјата да остане иста

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Македонија

ТАВ Македонија: Новиот модел на субвенционирање на авиолетови ќе има огромен ефект

Новиот модел на субвенционирање на авиолетови преку субвенционирање на авиокомпаниите ќе има…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Новиот модел на субвенционирање на авиолетови преку субвенционирање на авиокомпаниите ќе има огромен ефект за зголемување на бројот на авиокомпании, но и на дестинации од македонските аеродроми, смета директорот на ТАВ Македонија Неџат Курт.

Колку што сум информиран има многу заинтересирани авиокомпании кои аплицирале на повикот, но во моментов не моќе да откријам точно кои. Веруваме дека ќе има огромен ефект за зголемување на бројот како на авиокомпании, така и на нови дестинации безз разлика дали тие нови дестинации ќе бидат од една иста компанија или од повеќе различни, изјави Курт во одговор на прашање на денешната прес-конференција во Анталија каде ТАВ го реновира аеродромот со кој управува.

Тој нагласи дека пред да биде финализиран јавниот повик претставниците на ТАВ имале редовни состаноци со Комисијата од Министерството за транспорт и врски.Има пријавено авиокомпании кои се заинтересирани за дестинации кои претходно беа оперирани од аеродромите, но и за нови. Не би сакал да ги откривам имињата зошто сега се заинтересирани, вие можеби ќе објавите вест, а после можеби повеќе нема да бидат заинтересирани. Ние постојано градиме односи и преговараме со авиокомпаниите со министри, со амбасадори, особено со министрите за надворешни работи кога доаѓаат за отворање на некоја авиолинија која е барана. Имаме и наша програма за субвенции на авиокомпании, но сепак на крајот одлуката за тоа дали ќе се воведе некоја дестинација или не или, пак, дали некоја авиокомпанија ќе почне да оперира од аеродромите останува на самите авиокомпании ко ја носат финалната одлука. Се надевам дека ќе биде подобро. Ќе видиме каков ќе биде ефектот од субвенциите од Владата и како сето тоа ќе се проследи и ќе продолжи понатаму, рече Курт.

Реклама

Најави дека наскоро ќе го финализираат мастер планот за развојот на македонските аеродроми во наредните 20 до 30 години и дека ќе и го престават на Владата.Нашата концесија истекува во 2032 година, но обврска на секој аеродромски оператор е да ја предвиди и планира иднината, односно што е потребно да се направи со аеродромите и со околината и да ги сподели своите согледувања со властите без разлика дали ќе продолжи да управува или ќе си замине. Ние нашиот мастер план ќе го споделиме со Владата и тој не е поврзан со концесијата, рече Курт и додаде дека со мастерпланот сакаат на двата аеродроми да им го зголемат капацитетот и да ги направат поефикасни.