Реклама

Нема прогласување епидемија во Гостивар, Клековски ја исклучува храната како извор на масовната зараза

Турција, Шпанија, Грција, Црна Гора пристапни за сечиј џеб, Франција и Италија за полуксузно летување

Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп го враќа стариот сјај

Почна изградбата на новиот мост на Брегалница кај Ново Село

Владата ќе одржи вонредна седница за намалување на акцизите на бензинот и дизелот

Мицкоски шокиран од случувањата во Гостивар: Ќе одговараат тие што дозволиле труење на гостиварци

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Македонија

Таткото на Васил Јованов не се појави на суд – Обвинителството го преквалификува делото

Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Зоран Јованов, таткото на осудениот Васил Јованов кој ја прегази младата Фросина Кулакова, не се појави на денешното судско рочиште во Кривичниот суд во Скопје. Судијката Снежана Марковска, која претходно судеше и во предметот против неговиот син, информираше дека две покани испратени до адресата на Јованов се вратиле како неуредни.

Судот се обратил и до Министерството за внатрешни работи за потврда на адресата, но одговор не добиле. Зоран Јованов доби обвинение дека му дал автомобил на неговиот син, аико Васил немал положено возачки испит.

„Ги искористивме сите законски механизми предвидени во вакви случаи,“ рече судијката. Дури и поканата до неговиот адвокат Сашко Дуковски се вратила без потврда дека е примена од обвинетиот.

Реклама

Обвинителот Александар Марковски објави дека го преквалификувал делото – од „предизвикување општа опасност“ во поблагото „загрозување на безбедноста во сообраќајот“, кое носи казна до една година затвор или парична казна. Претходното дело предвидуваше затвор до три години.

„Се работи за техничка промена според начелото на специјалитет – новото дело ја опфаќа истата суштина, но е попрецизно формулирано,“ објасни Марковски.

Тодор Кулаков, таткото на трагично починатата Фросина, остро реагираше по рочиштето:

„Ова е правен инженеринг. Судијката е судија на мафијата“, изјави тој пред медиумите.

Следното рочиште е закажано за 10 септември. Судот најави дека ќе продолжи со обиди да го обезбеди присуството на обвинетиот.