Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Тарик Семси, по потекло од Жупа, стана прв странец советник во Советот на Општина Венеција

Дипломираниот архитектект на престижниот универзитет во Венеција, Тарик Семси, од турската етничка припадност,  по потекло од село Коџаџик, Општина Центар Жупа, испиша историја, стана прв странец советник во Советот на Општина Венеција. Дваесет и осум годишниот Тарик, кој живее во Италија, обезбеди место во 36-члениот општински совет на локалните избори во овој италијански град, како […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дипломираниот архитектект на престижниот универзитет во Венеција, Тарик Семси, од турската етничка припадност,  по потекло од село Коџаџик, Општина Центар Жупа, испиша историја, стана прв странец советник во Советот на Општина Венеција.

Дваесет и осум годишниот Тарик, кој живее во Италија, обезбеди место во 36-члениот општински совет на локалните избори во овој италијански град, како кандидат на  независната листа на кандидатот за градоначалник, Симоне Вентурини, познат адвокат, подржан од италијанската десница.  

-Чест ми е што станав дел од Советот на општина Венеција. Посебно сум горд што јас сум прв државјанин на Македонија и воопшто странец, кој е дел од овој оштински орган. Максимално ќе се ангажирам да ја оправдам довербата и доследно да ја претставувам нашата многубројна заедница, рече Семси, кој денеска ја потпиша изјавата за советник, додавајќи дека утре ќе биде одржана првата седница на Советот.

Реклама

Новоизбраниот градоначалник, Вентурини, вели дека е горд што едно вредно момче влегува во Советот, кој ќе му биде секако добар соработник и потлрепа во работата. 

– Со неговата подготвеност верувам дека ќе придонесе многу за градот Венеција и секако за многубројната македонска заедница, за нашите драги пријатели и сограѓани по потекло од Македонија. Повеќе од убеден сум дека  ќе биде одличен пример за идните генерации, затоа што тој е прекрасно, вредно и одговрно момче, рече Вентурини.

Инаку, Тарик, кој е оженет и татко на едно дете, е син на познатиот бизнисмен во Италија, Мунир Шемси, познат филантроп, кој со донации помага како во Италија, уште повеќе во матичната земја. Тој е претседател на италијанско – македонската стопанска комора „АПИ Нордес“.