Реклама

Ива Михаилова нелегално избега во Бугарија: Тврди дека не е безбедна во Македонија зошто била Бугарка

Од утре топли радијатори – грејната сезона почнува два дена порано

Мицкоски со економски оптимизам: Раст, инвестиции и нова геостратешка позиција на Македонија

Знаење со поддршка од технологијата – вештачката интелигенција како нова алатка за македонските наставници

Решение по деценија чекање: Охрид добива современ дом за стари лица во населбата Даљан

Николоски од Прилеп за 11-ти Октомври: Македонскиот народ застана на вистинската страна на историјата, продолжуваат силните инвестиции во инфраструктурата

Мнозинството граѓани задоволни од квалитетот на животот – анкета на Маркет Вижн за Мкд.мк

Мрачна реалност зад туристичкиот сјај – организиран криминал и експлоатација на деца преку питачење

Мицкоски за односите со Бугарија: Се радувам што дијалогот започна, очекувам да продолжи и да дојдеме до решение

Шокантните, искоцкани 1,6 милијарди евра го запалија алармот – мора итно да се спроведат на дело овие правила

Јасен фаворит во политичката трка: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски со убедлива предност пред опозицијата

Срдечно и конструктивно, но само до тука: Средбата Муцунски- Петрова Чамова не донесе ништо, но добро е што почнува дијалогот

Македонија

Таравари: Повредените од пожарот во Кочани се во стабилна состојба

Тројца од пациентите од македонските клиники се пуштени на домашно лекување, а…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Тројца од пациентите од македонските клиники се пуштени на домашно лекување, а уште тројца се очекува да бидат пуштени дома во текот на утрешниот ден, соопшти Министерот за здравство Арбен Таравари.

На сите пациенти пред да бидат испишани од болница ќе им биде направена токсиколошка анализа од страна на искусни токсиколози.

Според Таравари, 173 пациенти кои се лекуваат во земјава и во странство се во стабилна состојба. 10 пациенти кои се во Македонија се во потешка состојба, но надвор од животна опасност.

Реклама

-Сите пациенти кои што се лекуваат во државата и надвор од државата се во стабилна и добра состојба. Повеќето од нив се подобруваат. Од вкупно 20 што беа критични пациенти, денеска констатираме дека се десет потешки пациенти. Тоа што повторно и тие се стабилни надвор од животна опасност, изјави министерот за здравство, Арбен Таравари.

Таравари сооошти дека возачот на итната медицинска помош Иле Гоцевски, кој неуморно превезувал повредени лица по трагедијата која се случи во Кочани, ќе биде одликуван постхумно. Министерството планира следната недела да го одликува за неговиот огромен  придонес во спасувањето на жртвите во пожарот.

Јас планирам како министер за здравство неговото семејство да го викнам и да го одликуваме. Нека помине оваа недела, планирам идната недела како министер да го одликувам постхумно. За време на вонредни состојби сите работиме без да гледаме на часовникот и на работното време“, рече Таравари.

Според информациите од министерот за здравство сите пациенти кои се на лекување во странство се во стабилна состојба. Утринава пристигна вест од воено – медицинската академија во Белград дека еден од пациентите таму е во подобра состојба и од интензивна нега е префрлен на лекување на клиниката за пластична хирургија. Во ВМА се лекуваат 10 пациенти, а во Србија вкупно 30 повредени. Во Грција се лекуваат 12 . во Бугарија 15 пациенти, во Турција 9, Унгарија и Аврстија по 6-мина, Хрватска 5,  Словенија, Литванија, Белгија и Италија по 4-ца, и двајца во Полска.