Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Tаравари, Mеџити, Гаши и Касами потпишаа декларација за обединување

Членство во ЕУ, соработка со стратешките партнери, бескомпромисна борба против криминалот и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Членство во ЕУ, соработка со стратешките партнери, бескомпромисна борба против криминалот и корупцијата, радикални реформи во подобрувањето на животниот стандард – вака гласи декларацијата албанските опозициски сили кои се обединија заедно со Алијанса за Албанците во коалиција „ВЛЕН“. Арбен Таравари официјално се приклучи на екипата на Меџити, Гаши и Касами. Промената што доаѓа е промената што вреди – гласи паролата на сојузот.

– Денеска се официјализира соработката помеѓу албанските опозицски партии  првпат после 2011 година кога Албанците генерално гласаат за промени, но не успеваа опозициските партии да најдат заеднички јазик да соработуваат. Јас сум многу среќен што потпишавме Декларација за соработка  и се надевам на 8 мај ќе се случи долгоочекуваната промена во албанскиот политички блок. „Влен“ значи вреди – вреди да се гласа – изјави Таравари.

Претседателот на БЕСА порача дека сега е историскиот момент кога се случуваат промени кои ќе го вратат достоинството на Албанците. Европскиот сојуз кој застана зад кандидатурата на Таравари за претседател на Македонија, сметаат дека првиот албански претседател ќе биде симбол и резултат на моќта на обединувањето.

Реклама

Во овој момент, сите заедно ја запечатуваме нашата иднина, која е полна со надеж, која ќе се гради врз темелите на демократијата. Сојузот е едно од најголемите обединувања на Албанците на Балканот. Вклучувањето на АА во коалицијата ја покажува олдучноста, револуционерниот дух и волјата за промени кај албанскиот народ – рече Касами.

Лидерите на четирите партии порачаа дека денешната декларација е платформа на сите општествени субјекти и фактори кои оцениле дека е дојдено времето за голема политичка промена. На собирот ги повикаа сите луѓе, без разлика, млади неопределени, очајни активисти аналитичари да се придружат на промената што доаѓа. На декларацијата потпис стави и Беким Ќоку, инаку советник на косовскиот премиер Албин Курти, чија партија исто така е соработник на коалицијата „Влен“.

Со ова Таравари ја официјализираше соработката со албанската опозиција, иако неговата наклонетост кон опозициските сили предизвика разнишување на односите во Алијанса за Албанците и поделеност на партијата на две крила – крилото на Таравари и крилото на Села.

На вчерашниот конгрес на Алијанса за Албанците се донесе одлука за укинување на функцијата претседател на Собрание на партијата, функција која ја има Зијадин Села. Тој пак, за утре има закажано конгрес, за разрешување на актуелниот претседател на партијата.