Реклама

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Мицкоски: Растот на македонскиот БДП во вториот квартал е четири пати повисок од Европскиот

Бесплатните дополнителни можности за инвитро даваат резултати, вкупно 237 барања за четврти, петти и шести обид

Расте ризикот со возраста – лекарите предупредуваат на тешките форми на Западнонилска треска

По повеќе месеци блокада обезбеден фактор 8 за хемофилија

Македонскиот јазик на универзитетските клупи низ светот

Лекарите алармираат за нелегитимна Комора, раководството демантира: „Нема никаков застој“

БДП порасна за 4,3%, градежништвото главен двигател

Венко Филипче или власта- кој бара и му е потребно алиби?!

Македонија

Алијанса за Албанците го исклучи директорот на Геријатрија од партијата

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари донело одлука за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Крилото на Алијансата за Албанците предводено од Арбен Таравари донело одлука за итно исклучување од партијата на Мухсин Арифи, претседател на огранокот Сарај и директор на Геријатриската болница, откако беше фатен дека примал поткуп за да смести пациент во установата.
Од АА велат дека нема да толерираат никаква злоупотреба, прекршување на законот или на етичкиот кодекс на партијата.
„Владеењето со чисти раце не е само слоган, туку морална и политичка обврска за секој член на АА, бидејќи довербата на граѓаните се стекнува и се одржува само со посветеност, чесност и интегритет“, соопштија од АА.
Основното јавно обвинителство за гонење на криминал започна истражна постапка против двете лица – откако беше уапсен директорот на болницата за Геријатрија, кој барал и зел поткуп од 20.000 евра за да смести во болницата лице кое било болно и неподвижно. МВР поднесе кривична пријава против двајцата осомничени.
„На 08.04.2025 година жената-сведок се сретнала со второосомничениот, кој влегол во нејзиното возило и во име на директорот директно примил износ од 20.000 евра, по што на самото место бил фатен од страна на полицијските службеници“, информира Обвинителството за заедничката акција со полицијата.
Според она што го објави Обвинителството, Арифи во неколку наврати го барал поткупот од лицето кое потоа како сведок го пријавило во полиција. За добивање на поткупот од посредникот биле организирани две претходни средби. Арифи барал поткуп од 100.000 евра, а 20-те илјади што ги добил биле само „гаранција“.