Реклама

Фон Дер Лајен не фали за реформите како никогаш претходно, Филипче се чуди што ќе бара Муцунски во Софија

Недостаток од наставници по природни науки, министерката Јаневска најавува чекори за враќање на достоинството и подобри плати

Зголемена куповна моќ на пензионерите, Фискалниот совет бара реформи за помала дупка во ПИОМ

Во трампата меѓу Грција и Бугарија, Софија и спакувала на Атина и реликвија, одземена или украдена од Охрид

Пецаков: Охрид се развива со крупни капитални проекти – пречистителна станица во Трпејца, нова спортска сала и современа катна гаража

Во очекување на регионалната депонија Новаци, се решава проблемот со „Буково“

Европа ја седнува Бугарија на маса со Македонија: Ќе се бара позитивно решение за билатералниот спор

Ниски трошоци за поконкурентно производство, цената на горивата добра вест за стопанството

Половина милијарда евра за општините, Мицкоски најавува нов циклус проекти

Осум децении Ловечка федерација – со законски измени се подобруваат условите и стандардите

Фон Дер Лајен во Македонија со пофалби, но и повторување на бугарските услови: Охрабрување за реформите, но и незадоволство за спорот со Бугарија

Куповната моќ на граѓаните се заголемила за 18% во последните пет години

Македонија

Талевски на конференција во Тбилиси: Европа треба да се гради врз заеднички вредности и меѓурелигиски дијалог

Европа треба да се гради врз заеднички вредности, а културните, верските и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Европа треба да се гради врз заеднички вредности, а културните, верските и националните различности да бидат основа за дијалог и меѓусебно разбирање, а не за поделби, беше еден од клучните заклучоци на Меѓународната конференција „Цивилизациските основи на Европа – 1700 години од христијанството во Грузија“, што се одржа во Тбилиси.

На конференцијата, како што соопшти Секторот за комуникации и односи со јавноста на Собранието, која од 2 до 4 октомври ја организираа Интерпарламентарното собрание на православието и Парламентот на Грузија, учествувал и пратеникот и шеф на Делегацијата на Собранието во Интерпарламентарното собрание на православието Миле Талевски, кој е и член на Меѓународниот секретаријат на организацијата.

Во своите обраќања, претседателот на Грузија Михаил Кавелашвили и премиерот Иракли Кобахидзе го нагласиле значењето на христијанското наследство во развојот на европскиот идентитет и улогата на Грузија како мост меѓу Истокот и Западот.

Реклама

Во рамки на конференцијата биле одржани две тематски сесии посветени на христијанските вредности во време на кризи, како и на улогата на семејството и традиционалните вредности во креирањето на јавните политики.

На крајот од собирот била усвоена Декларација за цивилизациските темели на Европа и 1700 години христијанство во Грузија, во која се содржани главните пораки и заклучоци од конференцијата, а во рамки на настанот е промовиран и томот „Аја Софија – црквите на мудроста Господова низ светот“ на грузиски јазик.

На собирот присуствувале парламентарци од повеќе европски држави, претставници на Европскиот парламент, меѓународни институции, верски заедници и академската јавност, кои дискутирале за улогата на христијанството во современа Европа, зачувувањето на духовното и културното наследство и јакнењето на меѓурелигискиот дијалог.