Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Таксистите останаа дома – стравуваат дека одлуката за продолжување на возачките дозволи уште не е стапена во сила

Иако рокот за издавање на возачки дозволи е продолжен до крајот на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Иако рокот за издавање на возачки дозволи е продолжен до крајот на годината, сепак добар дел од граѓаните денеска не влегоа во своите автомобили.  Се плашат од казни. Ќе чекаат одлуката да излезе во Службен весник . Во Штип денеска принудно се паркирани од 30 до 50% од такси возилата. Ваква ќе биде ситуацијата во наредните седум-осум денови. Од штипското Зружение на такси превозници велат, дека не се нафаќаат на своја рака да возат, се додека истата не стане правосилна.

   „Ние имавме над 50% со стари возачки дозволи. Не смеевме да си дозволеме ризик 10 до 15возила да бидат на терен и ако се случи нешто ние да бидеме виновни„ изјави Глигор Арсов претседател на Здружение на такси превозници во Штип.

Штипските таксисти засега немат проблем со новите налепници НМК. Сите возила им се редовно регистрирани и се со нови регистарски таблички. Во план се да поднесат иницијатива за професионалните шофери меѓу првите  ги обноват своите документи.

Реклама

„Зборуваме за професионални возачи и најверојатно ќе бараме и некоја привилегија да можеме меѓу првите да ги промениме возачките дозволи„ изјави Арсов.

По настанатиот хаос и најавата дека од денеска нема да важат сообраќајните документи со Република Македонија, вчера во Собранието се донесоа нови измени со кои рокот за обновување се пролонгира до крајот на годината. Претходно Министерството за внатрешни работи објави дека во случај на настаната штета при евентуална сообраќајна несреќа, доколку имат невалидна возачка дозвола, граѓаните сами ќе мора да си ги сносат последиците околу истата. 

Александра Ристевска