Реклама

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Груби следната недела излегува од притвор, нуди и гаранција од над 300.000 евра за да му го вратат пасошот

Македонија

Светски ден на здравјето – Kолку државата се грижи за здравјето на медицинскиот персонал?

Светски ден на здравјето: во време кога докторите очајно молат за маски,…

Сподели:

Светски ден на здравјето: во време кога докторите очајно молат за маски, визири, капи, каљачи, ракавици- насекаде, по медиумите и социјалните мрежи, а сериозна бројка од нив веќе се заболени, од властите наместо итно обезбедување опрема добија само порака „да се чувале и пазеле оти требале да се грижат за нас“.

– Денес е Светски ден на здравјето, кој оваа година Светската здравствена организација целосно го посветува на здравствените работници и во тој контекст сакам да им порачам да се чуваат себеси за да можат да не чуваат нас, нашите семејства и јавното здравје, напиша на својот Фејсбук профил премиерот Спасовски.

-Верувам дека секој од вас знае колку е важно да издржиме, да останеме посветени, сконцентрирани и да дадеме се од себе да им помогнеме на нашите сограѓани. Да издржиме со справувањето со коронавирусот во земјава-рече Венко Филипче, министер за здравство.

Реклама

Дотолку повеќе ова изгледа како подбивање со здравствените работници кои се во прва борбена линија, преплашени за сопственото здравје истовремено во обид да ги спасат болните.

–„Јас сметам дека нема воопшто заштите, а не делумна заштита. Од Министерство за здравство сме добиле само поддршка и ништо друго. Ние сме ставени во позиција како Невладина организација на млади лекари и специјализанти да спасуваме све живот и диво. Срамота е да се дозволи нас да не бараат за заштитна опрема јавни здравствени установи. Ова на терен моментално што се случува особено со матичните лекари е скандалозно“, вели доктор Ненад Лазаров.

– И докторите и медицинските сестри постојано се ѓалат на  недостиг од медицинска опрема.Буквално се добива пет пара ракавици и пет пара маски за сестрата да ја помине целата работна недела, што е надвор од умот, надвор од било каков стандард. На таков начин не да се заштитуваме туку уште повеќе се изложуваме на ризикот – изјави докторка Ленче Неловска.

И покрај очајните крици, властите не ја менуваат реториката – медицинарите имале доволно опрема и требале да се заштитат соодветно…

-Во однос на заштитната опрема сите јавно здравствени установи добија упатство како треба да се користи, имаме доволна количина на залихи, таа резерва се надополнува – рече Министерот Венко Филипче на 03.04.2020.

Единствената помош како донација маски, скафандери, ракавици, стигна од Словенија,  и Унгарија. И двете благодарение на опозицијата.

-Докторите и сите здравствени работници треба да знаат дека не се сами. Јас како лидер на ВМРО-ДПМНЕ ќе продолжам да лобирам и барам помош која ќе значи подобра опрема за заштита на лекарите. И не само од Унгарија и Словенија, туку ќе го побарам секој број во мојот телефонски именик кој може да помогне и испорача помош за Македонија – стои во писмото на Мицковски.

Кумановската болница веќе има голем број заболени здравствени работници, затворен е центарот за ментално здравје во Прилеп, лабораторија во Гостивар, и други од претходно. Истовремено денеска стигна соопштение од Министерство за здравство дека направиле контрола од 30 март до 5 април во државни и приватни установи и констатирале дека сите имаат доволен број заштитни средства.

 Викторија Миткова