Реклама
Прилози

Светски ден на слобода на медиумите: закани, етикети , и неосновани кривични пријави од СДСМ за Алфа

Среќен нека ни е светскиот ден за слобода на медиумите. 3 мај…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Среќен нека ни е светскиот ден за слобода на медиумите. 3 мај денот кога се одбележува слободата на слобидниот говор, мисла, пишан збор. Алфа овој 3 мај го минува во исчекување на нов напад од СДСМ. Во време кога зборот треба да биде најсилна алатка, критиката порака за поправање, социјал-демократите како да живеат во друг систем, каде сите кои го кажуваат својот став , се неподобни, а сите кои не се согласуваат со нив заробени и непрофесионални.

ПАртијата која на сиот глас зборува за демократија, за слобода на медиуми и говор, години наназад има проблем со Алфа. Одбиваат гостувања, бојотираат појавувања , за послдниот период да кулуминира и со своевидни закани, етикети , и неосновани кривични пријави.

Ќе дојдам кога ќе ве ослободам. Ќе ве ослободам од канџите коишто се ставени врз вашиот медиум, од црните пари коишто доаѓаат од Унгарија. Поради тоа што има доказано или барем сомнеж дека таа телевизија се користи за перење пари. – рече Венко Филипче – претседател на СДСМ (19.04.2026)

Реклама

Новинарот Цветин Чилиманов за Алфа вели дека ова е заканувачка порака од партијата на Филипче кон медиумите, дека планира да затвара медиуми, менува уреднички политики и не прифаќа критика, ниту прашања за кои тие како јавен субјект се обврзани да одговорат. Ова однесување на Филипче и СДСМ , според Чилиманов не е за изнанадување, од Бихаќа долги години наназад сакаат да се мешаат во новинарството.

Гледаме дека секојдневно излегува со некакви проценки, пресметки — колку медиуми, не знам, четириесет проценти од медиумите во Македонија дека би сакал да ги ослободи, а тоа значи да ги затвори или да ги превоспита, со Алфа телевизија на чело, која што веќе редовно ја прозива и ја третира како главен негов политички противник. И сега, да не заборавиме, зборуваме за партија која што, додека беше на власт, бевме сведоци дека поради политички и рекет-притисоци се затворија трите главни дневни весници во Македонија — Дневник, Вест, Утрински. Се затвори неделникот Република, се затвори..– посочи Чиломанов.

Додека траеше оваа операција, вели Чилиманов, јавноста беше сведок дека медиумите кои тие ги фаворизираа се испостави дека се финансирани од странски пари кои имале цел да вршат политичко влијание во медиумскиот свет. Алудирајќи на парите финансирани од програмите како USAID и слични, кој во Америка се под лупата на органите на прогонот.

Од една страна, СДСМ има долг историјат на прифаќање на странско мешање во македонските медиуми со тешки последици по македонската домашна политичка сцена и развојот на политичките настани во Македонија. Од друга страна, има долг историјат на затворање и прогонување на медиуми и новинари додека се на власт. Така што, овие пораки навистина треба сериозно да се сфатат, бидејќи не се наивни. – вели Чилиманов.

Според последниот индекс за слободата на медиумите, Македонија бележи пад од 2 места, гледно според Чилиманов, глобалната слика општо во светот се менува, па МАкедонија не е имуна на тие трендови, но сепак вели ако некој има вина за барем дел од ова место , тоа е СДСМ со нивните напади, навреди, притисоци врз медиумите.