Реклама

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Трговците си ваделе маржи од ракав – Во понеделник повикани на состанок во Владата

Бројер: Македонија е стабилен НАТО партнер

Почнува пријавувањето за глобалниот самит ЕКСПО 2027

Скандалозно работење во Паркинзи Центар-ВМРО ДПМНЕ ги прозива СДСМ и Герасимовски за милионска афера!?

Брисел ги скенира клучните случувања поврзани со владеењето на правото

Крај на маките за македонските транспортери, обезбедени долгорочни визи во повеќе европски земји

Втора шанса за успешен тендер: Во понеделник ќе се знае дали Скопје ќе добие нови автобуси, се пријавиле четири компании

Семејството Томашевски се вратија од Холандија во Македонија и една година успешно водат бизнис со помош на државен грант

Вечерва во Дојран свечено ќе биде затворено петтото издание на фестивалот „Преку Езерото“

Црквата во струмичко Бајково спасена од пожарот

Македонија

Светски ден на бегалците: УНХЦР апелира на поголема солидарност кај помладите генерации во однос на бегалците

По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, УНХЦР, Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, ги повикува младите да се мобилизираат во поддршка на бегалците и да го бранат правото на азил како едно од клучните глобални човекови права. Годишната тема на УНХЦР „Додека сите не бидат безбедни“ има цел да ја потсети јавноста на […]

Сподели:
Фото: Алфа Вести

По повод Светскиот ден на бегалците, 20 јуни, УНХЦР, Агенцијата на Обединетите нации за бегалци, ги повикува младите да се мобилизираат во поддршка на бегалците и да го бранат правото на азил како едно од клучните глобални човекови права.

Годишната тема на УНХЦР „Додека сите не бидат безбедни“ има цел да ја потсети јавноста на значењето на Конвенцијата за статусот на бегалците од 1951 година, која и по 75 години останува основа на меѓународната заштита. Со неа се гарантира правото на секој човек, кој бега од војна, конфликт или прогон, да побара и да добие безбедност.

Од УНХЦР посочуваат дека денес ова право е под сѐ поголем притисок во повеќе делови од светот, поради што апелираат на поголема солидарност, особено кај помладите генерации. Пораката е азилот да не се гледа како далечно прашање, туку како заедничка безбедносна мрежа што може да биде неопходна за секого.

Реклама

Од организацијата нагласуваат дека кампањата има за цел и да ги разбиe стереотипите за бегалците, притоа потенцирајќи дека правото на заштита е основна човечка потреба. Воедно се посочува и потребата од долгорочни решенија – зголемување на можностите за доброволно враќање, преселување и интеграција, како и подобар пристап до образование, здравство и пазарот на труд.

Кампањата „Додека сите не бидат безбедни“ ќе се спроведува преку глобални дигитални платформи, со сведоштва на бегалци и едукативни алатки, со цел подигнување на свеста и вклучување на младите во заштитата на правото на азил.

УНХЦР упати повик до младите, креаторите и заедниците ширум светот активно да се вклучат и да придонесат кон зачувување на ветувањето за безбедност за сите.