Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Светска банка: Засилените инвестиции во инфраструктурата ќе ја одржат македонската економија во време на криза

Македонија ќе ја заврши годинава со економски раст од 2,6% – ова…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Македонија ќе ја заврши годинава со економски раст од 2,6% – ова е проекцијата на Светска Банка во најновиот извештај. Во него се наведува дека растот бил придвижен од инвестициите, поддржани од изградбата на автопатишта, што не било случај во 2023-та година. Притоа, се подобрил и билансот на нето извозот на услуги. Светска банка анализира дека во Македонија извозот се намалил посилно од увозот, бидејќи земјата го почувствувала влијанието на пониската побарувачка во Европската Унија, особено во индустријата за автомобилски делови.

„Растот во 2024 година се зголеми, поддржан од услугите и изградбата на автопатишта, додека индустриското производство опадна поради падот на надворешната побарувачка за производи од синџирот на снабдување на автомобилите… Изгледите остануваат позитивни, поддржувајќи пад на сиромаштијата, но основните структурни ранливости се зголемуваат“ – Светска Банка.

Во извештајот се наведува дека невработеноста се намалила и дека реалните плати растат и покрај ограничувањата на продуктивноста и недостатокот на работна сила. Србија и Македонија забележале највисоко зголемување на просечната реална плата минатата година од 9. Како дел од редовното усогласување, минималните плати во Србија и Македонија биле зголемени за 13,2, односно 8,1 отсто годинава. Светска банка ги поздравува напорите на Народната банка во сузбивање на инфлацијата преку неколкукратното намалување на основната каматна стапка.

Реклама

„Ризиците од домашните фактори кои влијаат на агрегатната побарувачка и потенцијалот за нови протекционистички мерки може да ги повторат инфлаторните притисоци. Покрај тоа, ризиците од нестабилност на пазарите на суровини остануваат изразени. Во Албанија и Македонија нето-приливите на странски директни инвестиции целосно го финансираат, а во некои случаи и го надминуваат надворешниот дефицит“ – пишува во извештајот на Светска банка.

Светска банка апелира да се консолидираат фискалните политики пред големите исплати на Еврообврзницата што доспеваат во 2026–2028 година.

„Која е најсоодветната политика на одговор во вакви периоди на нестабилност? Прво, да се забрза агендата на структурни реформи е клучот да се поддржи растот и да се изгради отпорност. Второ, земјите од регионот треба внимателно да ги водат монетарната и фискалната политика преку менаџирање на инфлацијата, менаџирање преку прудентни трошења и оставање на фискален простор. Ова ќе придонесе да се намалат надворешните притисоци и да се обезбеди стабилна околина за раст“ – вели Изолина Роси – постар економист на Светска Банка за Европа и Централна Азија.

Проекциите на Светска банка се дека економијата во Македонија ќе забележи економски раст од 2,7% догодина и 2,8% во 2027-ма година. Просечниот пораст на економијата во земјите од Западен Балкан ќе изнесува 3,2% годинава според Светска банка. Главните ризици доаѓаат од  глобалната трговска несигурност која  негативно ќе влијае врз Западен Балкан како резултат на забавувањето на економската активност во еврозоната.