Реклама

Мицкоски од Њујорк: Македонците ќе го преземат својот дел од одговрноста, ние сме мала земја, но одбиваме тоа да го одредува размерот на нашата амбиција

Министерство за транспорт: Македонија и Бугарија прават нов исчекор кон изградбата на прекуграничниот железнички тунел

Обраќање на премиерот Христијан Мицкоски на 81. Генерално собрание на Обединетите нации

Мицкоски: Обединетите нации мора да останат релевантни и да го штитат човечкото достоинство

Мицкоски во ОН: Развој на инфраструктурата и на новата економија за запирање на миграцијата

Мицкоски: Ние сме мала земја, но доволно сигурна во себе да го брани сопствениот идентитет

Мицкоски од ОН: Евро-интеграцијата трае надвор од секој разумен рок, ЕУ мора да обезбеди предвидливост

Премиерот Мицкоски од говорницата на ОН ја повика Европската Унија да покаже предвидливост во проширувањето

Мицкоски во ОН: Нашите стратешки определби се НАТО, стратешко партнерство со САД и полноправно членство во ЕУ

Нови авиолинии и директна врска со Дубаи: Tуризмот во пораст благодарение на добрата поврзаност

100 години Зоолошка градина во Скопје – почна прославата на јубилејниот роденден

Дипломатско одмерување на силите или придвижување: Софија со прва реакција на предлогот за европско посредување во дијалогот

Економија

Светска банка: Само со реформи до повисок економски раст

Државата мора да направи храбри реформи за економскиот раст на Македонија да…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Државата мора да направи храбри реформи за економскиот раст на Македонија да се изедначи со европскиот. Во спротивно ќе каскаме зад нив уште 30 години. Ова се препораките на Светска Банка во најновиот извештај за бизнисот кој го презентираа пред пратениците во Собранието. Во моментов, само 4% од нив извезуваат, само 12% вложуваат во иновации, ретко кој го проширува асортиманот на производи, тешко доаѓаат до кредити поради немање гаранции и слаба финансиска писменост. Банката бара нова стратегија за привлекување странски инвестиции, бидејќи било надминато времето на вработување кадри кои примаат ниски плати.

Од Фискалниот Совет велат дека македонските граѓани и фирми треба да ја променат свеста, бидејќи никој не сакал да плаќа даноци, а сите барале подобри услуги кои се финансираат од буџетот. Сепак, нотираат дека наплатата на даноците значително се подобрила во изминатите 4 месеци.

Од Управата за јавни приходи велат дека пред нив има многу предизвици. Директорката вели дека активно работат да ги спречат грешките при одданочувањето, да се обезбедат повеќе дигитални услуги, а особена реформа ќе биде е-фактурата која треба да се воведе до 2026-та година.

Реклама

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски одговара дека следат реформи за да се подобри животниот стандард. Рекордно високото ниво на капитални инвестиции и елиминирањето на дел од административните бариери, треба да привлечат нови странски инвеститори. Инаку Светска банка претходно побара од Владата низа зголемувања на даноци, придонеси и услови за одење во пензија. Премиерот е дециден дека нема да се оди подоцна во пензија, нема да има покачување на ДДВ-то, а ќе следи жестока борба со сивата економија.