Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Прилози

Светот со пораки за сочувство за страшната трагедија

Балканот во тага, Европа во жалење, светот со пораки за сочуство за…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Балканот во тага, Европа во жалење, светот со пораки за сочуство за страшната трагедија која се случи во Македонија. Понуди за помош стигнуваат од цел свет. Претседателот на Владата, Мицкоски имал разговор со генералниот секретар на НАТО, Марк Руте. Се разговарало за актуелната несреќа и за можно активирање на НАТО системот за спречување несреќи.

„Во овие моменти остануваме обединети и одлучни во борбата против корупцијата, промена на системот и одговорност за причинителите на несреќата“ вели Марк Руте, генерален секретар на НАТО

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, изрази жалење за трагичната загуба на животи во пожарот во Кочани. Сочувство стигна и од еврокомесарката Марта Кос.

Реклама

„Моето најдлабоко сочуство до семејствата на жртвите и сите погодени. ЕУ се солидаризира со народот на Македонија во ова тешко време“ вели Урсула фон дер Лајен, претседателка на Европската комисија

„Длабока натажени од трагичниот пожар во Кочани, Македонија, кој однесе животи на премногу млади луѓе“ вели Марта Кос, еврокомесарка

Унгарскиот премиер, Виктор Орбан во телефонски разговор со премиерот изрази сочуство до македонскиот народ пред се до семејствата и пријателите на загинатите.

„Сакам да изразам најдлабоко сочувство до премиерот Христијан Мицкоски и македонскиот народ поради трагичниот пожар што избувна вчера во Кочани. Нашите мисли и молитви се со семејствата на жртвите“ вели Виктор Орбан, премиер на Унгарија

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ ја информирал македонската претседателка дека испраќа хеликоптери и други медицински средства кон Македонија.  

„Изразив искрено сочувство до претседателката Гордана Силјановска-Давкова по повод страшната трагедија во Македонија, која длабоко ги погоди не само луѓето во таа земја, туку и сите нас во Србија… Понудив, а претседателката прифати да испратиме хеликоптери и други медицински транспортни средства“ вели Александар Вучиќ, претседател на Србија

Поранешниот министер за здравство на Романија, Влад Воикулеску апелираше до властите во Македонија да побараат европска помош за жртвите со изгореници.

„Ниту една земја во ЕУ – ниту една земја во светот – не може сама да се справи со толку голем број жртви со тешки изгореници. Македонија учествува во Механизмот за цивилна заштита на ЕУ (UCPM) и може да побара помош во случаи на големи катастрофи. Ова е токму таква ситуација“ вели Влад Воикулеску, поранешен министер за здравство на Романија

Претседателот на Бугарија, Румен Радев на социјалните мржи ја сподели болката на граѓаните на Македонија, во кој загинаа и беа повредени многу луѓе.

„Пожарот во дискотека во Кочани е огромна човечка трагедија. Им изразувам сочувство на семејствата на загинатите и мои најдобри желби за оздравување на повредните“ вели Румен Радев, претседател на Бугарија

Сочуство за загубените животи и подготвенос на Грција да помогне, изрази грчкиот премиер Мицотакис.

„Моите мисли се со жртвите и нивните семејства, а на повредените им посакувам брзо закрепнување. Грција е подготвена да помогне во ова тешко време“ вели Кирјакос Мицотакис, премиер на Грција

Пораки со сочуство упати и хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ, а сочуство пристигна и од Албанија. Претседателката на Косово, пак, кажа дека губењето на млад живот е чуство што не може да се искаже.

„Деструктивни вести од Кочани, Македонија. Губењето толку многу млади животи е трагедија што не може да се искаже со зборови“ вели Вјоса Османи, претседателка на Косово

Премиерот на Албанија, Еди Рама, исто така сочуствува со големата трагедија во Македонија и изрази подготвеност да пружи секаква неопходна помош.

„Кога ја дознав веста останав без зборови и се молам повредените да закрепнат, а семејствата на жртвите да најдат сила да се справат со нивната неутешна загуба“ вели Еди Рама, премиер на Албанија

Руската амбасада во Македонија изрази сочувство исто така. Веста за трагично загинатите, повеќе од 50 млади луѓе во дискотеката во Кочани ја пренесоа сите светски медиуми.

Давид Крстевски