Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Сведок за трагедијата во Кочани: Лежев и бев газен во стампедото, имам изгореници од втор степен

Нови сведоци на рочиштето за трагедијата во Кочани. И сведокот Христијан Китанов,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Нови сведоци на рочиштето за трагедијата во Кочани. И сведокот Христијан Китанов, кој бил чест гостин во кабарето „Пулс“ и бил повреден во пожарот, се приклучува кон кривичниот прогон и најави дека ќе бара отштета.

Јавниот обвинител Борче Јанев го праша дали присуствувал при активирањето на пиротехничките средства, што сведокот го потврди. Сведочеше дека по избувнувањето на пожарот настанало стампедо во кое и тој настрадал – паднал и бил пригмечен од останатите поради тесниот простор. Се здобил со изгореници од втор степен и на лицето.

„Еден полицаец, Драган Казаков, се обидуваше да ме спаси повеќе пати, ама не успеваше. Станав безнадежен, почнав да се гушам, немав ни сила да дишам. Одеднаш Лазо ми рече: ‘Подај ми ја раката да те извлечам’, јас немав сила. Тој ме извлекол со помош на мојот вујко, кој беше во дискотото, ама излегол претходно. Ме извлекле, јас сум бил во несвест. Ме освестија со шише вода и ме качија во приватна кола, кон кочанската болница“, рече сведокот Христијан.

Реклама

Додаде дека во „Пулс“ полицијата доаѓала за рации за малолетници или кога имало тепачка. На прашање во судницата одговори и дека сопственикот на „Пулс“ се обидувал вечерта да го гаси пожарот.

Сведочеше и Мартина Ристевска, која присуствувала вечерта. Тврдеше дека обезбедувањето вадело луѓе цела вечер. Одбраната постави прашање дали може да се заклучи дека групата „ДНК“ го предизвикала пожарот, а обезбедувачите спасувале, но судот не го дозволи прашањето.

Мартина, снимајќи ги „ДНК“, го снимила и пожарот со својот телефон, како и моментот кога пејачот повикува да се повлечат луѓето и да се спасуваат.