Реклама

Во Њујорк средба Мицкоски-Вучиќ, разговарано за унапредување на соработката

Кардиоваскуларните болести водечка причина за предвремена смртност во Македонија

Експерти од 15 земји на штипскиот универзитет: Вештачката интелигенција е алатка, но крајната одлука е на човекот

„Безбеден град“ и засилените контроли го намалуваат црниот биланс на патиштата

„Фронтот за спас“ удри по Филипче: Со него СДСМ нема никаква иднина, им се заканува изборна кланица

Мицкоски со серија средби во Њујорк: Европската интеграција, безбедноста и регионалната соработка во фокус

Димитриеска – Кочоска: Состојбите се следат, растот, инфлацијата и задолжувањата до крајот на годината согласно проекциите

Сиљановска-Давкова – Вајц: Билатералните прашања треба да бидат одвоени од процесот на пристапување кон Европската Унија

Мицкоски на панел-дискусија на високо ниво чиј домаќин бил финскиот претседател Стуб

Муцунски: Имаме постојани и цврсти односи со САД кои не препознаваат како клучен партнер

Средба Мицкоски-Пленковиќ во Њујорк, теми европската перспектива, унапредувањето на добрососедските односи и регионалната соработка

Во Њујорк ќе се слушне за фрустрациите на Македонците: Мицкоски ќе бара интервенција од Калас за спорот со Бугарија

Македонија

Сведочења: Таткото на Вања даваше конфузни изјави, Влатко Кешишев и Велибор Манев не однесоа до телата

Таткото на Вања од првиот ден велеше дека неговата ќерка е киднапирана…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Таткото на Вања од првиот ден велеше дека неговата ќерка е киднапирана и убиена, а истовремено сакаше да ја бараме Вања – Александар Ѓорчевски беше конфузен и потиштен,а Зорица Ѓорчевска беше поприбрана кога разговарававме со нив – Mузафер Kаришиќ поранешниот помошник началник во СВР Скопје сведочеше по предлог на обвинителството за двојното убиство. Полицијата не ги поврзала двата случаи сѐ до откривањето на телото на Вања и снимките каде се гледаат двата автомобили цитроенот на Жежовски и рено кангу од партијата Десна. Влатко кешишев и велибор Манев биле двајцата сега обвинети кои ја однеле полицијата до телата на жртвите. Кешишев со доза на страв дека Палчо ќе дознае и ќе го убие, ги однел полицајците во месноста викана Дупки и го посочил местото каде било закопано девојчето.

  • „Дури и со рака не сакаше да покаже, покажуваше со главата кон перниците. Велеше „јас стоев на страна“. Ги тргнавме перниците, тој рече „тука е девојчето кое го барате“. Откопувавме додека не ѝ се видоа носот, веѓата и едната нога и престанавме. Прашавме кој, рече „Палчо, ја земаа и тука ја фрлија, а јас бев на страна“. За Боре дознавме исто од Кешишев, тој рече „Боре каратисот“ беше во „цитроенот“ – сведочеше помошникот началник Каришиќ.

Први до снимките од велешката бензинска пумпа како се точи гориво во цитроенот дошле таткото на Вања и неговиот пријател Гоце. На полицијата не и било јасно зошто ги поврзуваат двата случаи, а немало објаснување ниту од нив кажа сведокот Каришиќ. Тие двајца први ја посочиле и камерата спроти влезот каде што беше киднапирана Вања, за ден подоцна кога полицијата отишла да направи проверки, кабелот за струја бил исечен. Одбраната реагира на сведочењето на поранешниот началник:

  • „Поразително е што началник на полиција рече дека додека не стигнале наодите од истрагата на Гоце и Александар тој немал никаква насока ниту имал претстава што се случило со исчезнатите луѓе. Тоа е она за што сите ние треба да бидеме загрижени“ – рече Туфегџиќ.

Полициските службеници до телото на пензионерот Панче Жежовски ги однел обвинетиот Велибор Манев. По неговите насоки оделе инспекторите, каде на лице место нашле чаура, а во откопување на дупката длабока три метри помогнале и пожарникари од Велес – кажа пред судот поранешниот началник на СВР Велес.

Реклама
  • „Тоа е дупка и тешко ќе ја најдете ако некој не ја посочи, оти е обрасната со дрвја. Таму ни кажа дека сите четворица таму го убиле и го закопале, а дека пукал Палчо. Дупката беше околу три метра. Не можевме да копаме ние, викнавме Пожарна служба која ни помогна да го извадиме телото“ – рече Самарџиев и додаде дека бил извршен увид на местото на кое е пронајдена чаура.

Според бранителот Манев, обвинението не држи вода бидејќи соодветни докази за да се докаже делото не биле обезбедени.

  • „Да изјавиува дека претпоставува дека е земена парафинска ракавица. Добро луѓе, кога се пука на свадба се зема парафинска ракавица. Во обвинението нема земено парафинска ракавица ниту еден од обвинетите“ изјави Бојан Манев – адвокат на Велибор Манев.

Судската постпка за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и пезионерот Панче Жежовски, чии тела беа пронајдени во декември минатата година, а за што се обвинети пет лица, продолжува во петок со испитување на нови сведоци на обвинителството.