Реклама

Што треба да се промени за врсничкото насилство да не стане секојдневие?

Фаризи за протестот на ДУИ во Тетово: Ја губат поддршката, се исплашија да протестираат пред Уставен, да не се најдат на црна листа на САД

Богдановиќ: СДСМ не ни сака да учествува во носење на Изборниот законик

Дукоски по последната пресуда од Стразбур за Атанасовски: Уште еден доказ за ударите врз правната држава

Продолжува филмската магија покрај Дојранското Езеро – по петти пат отворен „Преку езерото“

Димитриевски: Од луксузни јахти и летувалишта го блокираат Изборниот законик, а порано притискаа да се смени

Охридската гимназија добива целосно нов лик

Економскиот бенефит пред ниските удари: Финансии прифати амандман на Битиќи

Македонија треба да му плати 3,5 илјади евра отштета на Атанасовски

И покрај деструктивноста на опозицијата, продолжуваме со реформите, потенцира Мицкоски

Вечерва свечено отворање на Филмскиот фестивал „Преку Езерото“

„Твоја Македонија“ со засилување: Коалицијата на ВМРО-ДПМНЕ доби плус еден пратеник, сега има 59 народни избраници

Македонија

Сведочење за „Пулс“: Обезбедувањето требало да реагира за присуство на малолетници по полноќ, а пиротехниката била безбедносен ризик

– Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

– Законските процедури за добивање лиценца, обврските при склучување договори за обезбедување, како и овластувањата на работниците при контрола на влез и присуство на малолетници во објекти, се во фокусот на денешното рочиште за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, на кое во својство на сведок – технички советник, сведочеше Верица Милевска-Стефановска, претседател на Комората на Македонија за приватно обезбедување. 

На прашања на Обвинителството, Милевска-Стефановска појасни дека Министерството за внатрешни работи (МВР) издава дозвола за вршење дејност врз основа на строго утврдени законски критериуми. Физичкото обезбедување, појасни, опфаќа телесна заштита, мониторинг, патролно обезбедување, како и обезбедување на јавни собири и спортски настани.

– За да можат да работат компаниите во секторот приватно обезбедување, МВР врз основа на одредени законски критериуми ќе даде дозвола за вршење дејност во вид на давање услуги за физичко и техничко обезбедување или за сопствени потреби, откако правното лице ќе ја добие дозволата има законски рок од шест месеци да почне да работи во дејноста, а откако ќе ги стави лицата во работен однос, мора во рок од 30 дена да поднесе легитимации за обезбедување. Лиценцата на работникот за обезбедување е еден од условите за да може да работи, тоа значи дека е едуциран, но јавните овластувања работникот ќе ги обавува со легитимација – истакна сведокот.

Реклама

Милевска-Стефановска додаде дека за давање услуга за физичко обезбедување законскиот минимум е 15 работници со легитимации, за техничко обезбедување се потребни три, додека за обезбедување за сопствени потреби минимумот е десет работници. Дејноста, како што нагласи, е од јавен интерес според законските одредби.

Осврнувајќи се на правниот основ за ангажман, Милевска-Стефановска посочи дека секое правно лице задолжително го склучува договорот со корисникот на услугата исклучиво во писмена форма. – Има една одредба во Законот каде што се вели ако договорот не е во писмена форма се смета за ништовен – нагласи Милевска-Стефановска.

Сведокот појасни дека само во случај кога се ангажирани пет или повеќе работници, правното лице што ја дава услугата мора да изработи план за обезбедување и да го поднесе до полициската станица на чие подрачје се одржува настанот. Милевска-Стефановска истакна дека во Законот не постојат точно пропишани правила за бројот на работници што треба да се ангажираат, туку тоа е предмет на договорна услуга во зависност од видот на објектот и безбедносната процена. 

Во однос на ингеренциите при влез во објектите, претседателката на Комората рече дека работникот има право да изврши преглед и да реагира доколку затече општо-опасно средство, но сепак, вели, зависи од договорот. На прашањето за присуство на малолетници во угостителски објекти по полноќ, Милевска-Стефановска посочи дека обезбедувањето има обврска да реагира.

– Со оглед на фактот дека конкретно во такви објекти мора да има и други закони, на видно место поставени табли кои предупредуваат дека не е дозволено присуство на малолетници, обезбедувањето морало да реагира или во најмала рака да го извести сопственикот на објектот – рече Милевска-Стефановска.

На прашањето дали употребата на пиротехника претставува безбедносен ризик, сведокот одговори потврдно, по што Судот не дозволи дополнително прашање за тоа дали лицата што ја користат треба да имаат посебна едукација. Според досегашните наводи во јавноста, токму искрите од пиротехничките средства биле причина за брзото ширење на огнот во дискотеката. 

Пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани избувна на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК и претставува една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата. Со денешното рочиште продолжува доказната постапка со изведување сведоци на предлог на Обвинителството – кое го застапува тим од 15 јавни обвинители.