Реклама

Стотици прекршоци „уловија“ камерите на „Безбеден град“ во охридско-струшкиот регион за само два дена

Царинската управа со искуства од Хрватска развива нова Царинска регулатива со цел уште едно ниво поблиску до заедничкиот пазар на ЕУ

Жестока националистичка реторика и говор на омраза кон Македонија по потерницата за Михаилова

Ива Михаилова на диво избегала од Македонија: Кога тогаш и таа и нејзиниот татко, осуден криминалец, ќе одговараат во државава

Мицкоски: остануваме на политиката на најниски цени за горивата со цел заштита на стандардите на граѓаните

Мицкоски сака јасен европски пат: Кога сменивме име ни ветија членство во ЕУ, гледаме сега каде сме, 20 години назад

Одбележан денот на МАНУ: Евроинтеграциите и реформите во образованието во фокусот на претседателот Живко Попов

Конференција „Бизнис Арена 2026“, вештачката интелегенција и нејзината примена во компаниите

Алармантно во Струга: Изворите пресушуваат, пумпите се исклучуваат – градот пред нов водоводен колапс

Следното лето нова шанса за доизградба на Клиничката болница во Штип

Ива Михајлова избегала по најавата дека ќе дојдат бугарски лекари кои ќе ги потврделе наодите дека нема здравствен случај

Шанса за младите инженери дома: одржан вториот саем за пракса и вработување на машинскиот факултет

Македонија

Свечено доделување на наградата „Анте Поповски – Антево перо“ 2026 година

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечер во 19…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Музејот на македонската борба за самостојност во Скопје, вечер во 19 часот, ќе се одржи централниот настан од деветото издание на меѓународната поетско-културна манифестација „Анте Поповски – Антево перо“.

Програмата ќе ја води Александра Јуруковска, која ќе ги претстави најважните карактеристики на годинешниот конкурс, посветен на одбележувањето на 95 години од раѓањето на македонскиот поет Анте Поповски.

Во рамки на настанот ќе бидат одбележани и 30 години од објавувањето на книгата есеи „Окото, светлините“, како и 25 години од објавувањето на поетското дело „Света песна“ од Поповски.

Реклама

За естетските вредности на делата на годинашните добитници на традиционалните поетски награди „Антево перо“, „Антев златник“ и „Антев часовник“ ќе говори д-р Атина Цветаноска, член на жири-комисијата.

По обраќањето ќе следи врачувањето на наградите, а публиката ќе има можност да проследи и поетско читање, на кое ќе се претстават годинешните лауреати и авторите кои беа селектирани во потесниот избор за наградите.