Реклама

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Барал 1500 евра за вработување пожарикар – Триесетдневен притвор за возачот во СОЗР

Училишната кошничка ги дава очекуваните резултати, а поволно влијае и врз инфлацијата

Димитриеска-Кочоска: Трендот на економскиот раст покажува дека сме на вистинскиот пат

Пет активни пожари, најкритично кај Грачани и Никиштани

Управувањето со отпадот, високо на агендата на македонските општини, Прилеп останува лидер во селекцијата –

Милионски криминал во Струмица: Запленети стотици илјади евра во кеш и разоткриена мрежа за перење пари и лихварство

Чисти улици и современ превоз: Скопје чекор по чекор ги надминува долгогодишните комунални проблеми

Нема толеранција за младите деликвенти: Град Скопје и МОН влегуваат во заедничка битка со врсничкото насилство

Македонија

Судски совет и ЗСРМ за одлуката на Уставниот суд: Институционална воздржаност, заемно почитување на уставните надлежности и доследно почитување на законските процедури

Судскиoт совет на Македонија и Здружение на судиите на Македонија, во врска…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судскиoт совет на Македонија и Здружение на судиите на Македонија, во врска со Решението на Уставниот суд И.бр.1/2026 и реакциите што тоа ги предизвика во јавноста, смета за потребно да укажат на неколку принципиелни прашања од значење за независноста на судската власт и владеењето на правото.

Судскиот совет на Македонија и Здружение на судиите на Македонија го почитуваат уставниот статус на Уставниот суд и принципот дека неговите одлуки се конечни и извршни и дека надлежните државни органи се должни да постапуваат во согласност со обврските што произлегуваат од нив. Истовремено, еднакво значајно е почитувањето на уставно загарантираната самостојност и независност на судовите, законски уредениот тек на судските постапки и правото на користење на предвидените правни лекови.

Во конкретниот случај, Решението П4-240/22 од 4 мај 2026 година на Основниот граѓански суд Скопје не е правосилно и против него е изјавена жалба за која треба да одлучува надлежниот второстепен суд. Оттука, постапката сè уште е во тек, а оценката на законитоста на првостепената одлука му припаѓа само на надлежниот второстепен суд.

Реклама

Во такви околности, Судскиот совет на Македонија и Здружение на судиите на Македонија сметаат дека секое институционално постапување поврзано со конкретната неправосилна судска одлука бара особена внимателност и воздржаност, за да не се создаде впечаток на прејудицирање на исходот од постапката или на притисок врз судиите кои одлучуваат во конкретниот предмет.

Независноста на судството не е привилегија на судиите, туку гаранција за граѓаните дека за нивните права и обврски ќе одлучува независен и непристрасен суд. Функцијата на судовите не се состои во извршување на одлуки на други државни органи, туку во самостојно и независно судење врз основа на Уставот, законите и ратификуваните меѓународни договори. Оттука, ниту еден орган, без оглед на неговата уставна положба, не може да определува или да прејудицира каква одлука треба да донесе судот во конкретен предмет.

Судскиот совет на Македонија и Здружението на судии на Македонија особено нагласуваат дека почитувањето на одлуките на Уставниот суд и почитувањето на независноста на редовните судови не се спротивставени вредности. Напротив, тие се составни делови на истиот уставен поредок и на принципот на владеење на правото. Нивната заштита подразбира секој орган да ги остварува своите надлежности во уставно и законски утврдените граници, со должно почитување на надлежностите и независноста на другите органи.

Судскиот совет на Македонија и Здружение на судиите на Македонија остануваат цврсто определено за доследно почитување на Уставот, законите и одлуките на Уставниот суд, но и за бескомпромисна заштита на независноста на судската власт, правото на правично судење и непреченото функционирање на системот на правни лекови. Само преку институционална воздржаност, заемно почитување на уставните надлежности и доследно почитување на законските процедури може да се обезбеди владеење на правото и да се зајакне довербата на граѓаните во институциите.