Реклама

Нацрт-предлогот на Кос за побрзо проширување како нова приказна за морковот и стапот од Европската унија

Само што излезе од затвор, веќе го пакуваат да го вратат- нова кривична за Стевчо Јакимовски

Градоначалниците од Источниот регион се договорија да градат заеднички регионален стационар за кучиња скитници

Доаѓа денот „Д“ за УЧК: Хаг ќе ја соопшти пресудата дали и Албанците вршеле злосторства за време на војната

Заканите, навредите и говорот на омраза станаа секојдневие, нивото на политичка комуникација падна на дното

Горивата во Македонија под контрола, бензинските пумпи „окупирани“ од возачи од соседството

84% од здравствените работници ја препознаваат корупцијата во здравството

Македонската царина се модернизира со опрема од ЕУ вредна 4 милиони евра

Димитриеска-Кочоска: Граѓаните се прв приоритет на оваа Влада, работиме за нивна максимална заштита и заштита на стопанството

Матичните ќе даваат најмногу пет дена боледување, Фондот ќе проверува дали болните се дома – Перински најави промени

Еколошки аларм и регионална соработка – прва летна школа за мониторинг на животната средина во Македонија

Времено решени проблемите со самозапалувањето и загадувањето на воздухот од крушевачката депонија

Македонија

Судијката Лидија Петровска се враќа во Одделот за организиран криминал и корупција

Лидија Петровска, судијка од Основниот кривичен суд Скопје, е унапредена во Одделот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Лидија Петровска, судијка од Основниот кривичен суд Скопје, е унапредена во Одделот за организиран криминал и корупција – оддел во кој веќе беше ангажирана пред неколку години, но беше преместена во Одделот за општ криминал во 2017 година.

Одлуката за нејзиното враќање ја донела в.д. претседателката на Кривичниот суд, Даниела Димовска, назначена на 3 јули од Судскиот совет. Петровска го презема местото токму на Димовска, која пак го отвори големиот случај „Адитив“, со 37 обвинети за набавка на адитиви за РЕК „Битола“, вредна над 6 милиони евра. Со оваа промена, судењето ќе започне одново, а Петровска ќе ги преземе и останатите предмети што ги водеше Димовска.

Името на судијката Петровска е одамна присутно во јавноста, особено поради поврзаноста со предмети од поранешното Специјално јавно обвинителство, како што се „Тврдина 2“, „Тенк“, „Транспортер“ и „Триста“. Нејзините одлуки, вклучително и барањето за декласификација на докази во процесот против Горан Грујевски, тогашен началник на Петтата управа, предизвикаа реакции во јавноста. Судскиот процес беше прекинат, а Грујевски со Никола Бошкоски побегнаа од земјава и сè уште не се вратени.

Реклама

И покрај тоа што нејзиното име беше поврзувано со контроверзии, судијката Петровска никогаш не поднесе тужба за клевета, ниту побара јавно извинување за споменувањето во разговорите, кои на јавноста ѝ беа презентирани како доказ за директно влијание врз правосудниот систем.

Со најновото враќање во одделот за организиран криминал, Петровска повторно ќе биде дел од постапките во некои од најголемите и најкомплексни случаи во земјата, во време кога јавноста и меѓународната заедница повторно повикуваат на прочистување на правосудниот систем и обновување на довербата во судството.