Реклама

Останува високата опасност од пожари, тешка битка со пламените јазици на планината Жеден

Балканот влегува во ерата на дата центрите – соседите инвестираат милиони

Забрани или едукација: Како до побезбеден дигитален свет за децата?

Борба против врсничкото насилство – училиштата со нови мерки

Растот на платите мора да биде следен со поголема куповна моќ и посилен приватен сектор

Советникот на Заев, Виктор Петрушевски, вмешан во косовската афера за шпионажа

Демографски аларм: Сè помалку ученици и студенти во Македонија

Со оптимизацијата, во Прилеп нема да биде затворено ниту едно училиште и сите наставници остануваат на работа

Берово преполно за Голема Богородица: Премиерот Мицкоски најави нови законски решенија и државна поддршка за развој на туризмот

Вештачка интелигенција наместо марихуана: Мицкоски порача дека Владата нема да се откаже од изградбата на национален дата-центар

Критикуваат секој ден, а бегаат од избори: СДСМ стравува од соочување со народот

Верниците ширум Македонија го слават големиот христијански празник „Успение на Пресвета Богородица“

Македонија

Судијата Димовски го тужи Судкиот совет пред Управниот суд

Шест судии кои Судскиот совет ги унапреди односно ги префрли од Граѓански…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Шест судии кои Судскиот совет ги унапреди односно ги префрли од Граѓански во Апелациски суд може да не дојдат до повисоката позиција.

Постапката може да се врати на почеток доколку Управниот суд одлучи позитивно на тужба од судијата Андреј Димовски кој смета дека не бил праведно оценет односно не му биле доделни соодветни поени за сите услови кои ги исполнува.

Наведувајќи пракси на Европскиот суд за човекови права по вакви случаи судијата Димовски бара Управен да да му ја уважи тужбата и да го поништи решението за негово оценување.

Реклама
  • „Начинот на непремена на прописите од тужениот, беше неисправен до тој степен што претставуца прекршување на позитивните обврски на државата која таа ги има преземено согласно член 6 од Европската конвенција за човековите права“ рече АНДРЕЈ ДИМОВСКИ – Граѓански судија.

Адвокатот на Димовски е на став дека иако претходно имало одлука од Управен и Врховниот суд, како што велат во полза на граѓанскиот судија, Судскиот совет сепак не ги испочитувал во оценувањето и носењето одлука. Освен што не ги испочитувале, тие продолжиле со изброот на судии во повисокиот суд.

  • „Претходната пресуда на овој суд содржеше низа забешки за кои со доказната постапка Судот ќе констатира дека воопшто не се отстранети, а како такви ги има многу“ рече БИЛЈАНА ЈАНДРИОСКА – Адвокат на Димовски.

Судскиот совет пак, со контра аргументи. Вели решението за оценување во декември 2023 било донесено според Законот од 2019, а Врховниот суд го укинал решението по приговор а не по оценувањето на судијата.

  • „Правната заштита предвидена согласно Законот за СС, тужителот претходната правна постапка за иста правна работа ја водел со тужениот огран и пред Врховниот суд..“ рече претставникот на Судкиот совет.

Судијата Димовски бара Судски да му направи ново оценување и бодување. Доколку Управниот суд ја прифати тужбата, највисокото судско тело ќе треба повторно да изврши оценување на овој судија што може да влијае на сегашниот избор во Апелација.

Според одлуката на членовите на Судски, од Скопска двојка во повисокиот суд беа унапредените судиите Елизабета Настов, Софија Миленкова, Цветанка Сиљаноска Костадиновска, Кети Германова, Благица Ѓошевска и Артан Лимани.

Изборот кој го направи Судски неколку дена е под лупа на јавноста и експертската фела. Спорни беа повеќе работи, а во очи најмогу падна дека изборот се случи три години од распишување на огласот.