Реклама

Сиљановска-Давкова до Фон дер Лајен: Наметнатиот билатерален спор не смее да има примат пред копенхашките критериуми

Муцунски официјално побарал средба со Петрова-Чамова следната недела во Софија

Новата болница во Кичево влегува во конкретна фаза – обезбедени средства, се анализира постојниот објект

Пронајдени уште докази по разбивањето на криминалната група од Прилеп, а поврзани со нарко-трговија и перење пари

Мицкоски пред Фон Дер Лајен: Македонија ги исполнува обврските – време е Европа да обезбеди фер процес без нови условувања

Почна изградбата на новиот дом за стари во Кочани

7.000 медицински сестри недостигаат во здравствениот систем – покрај платите, важни се и условите за работа

Прифатен предлогот за определување нова мерка притвор против Дејан Јованов „газда Деко“ во случајот Пулс

Фон дер Лајен: Македонија ѝ припаѓа на ЕУ, ќе ја пречекаме со македонскиот идентитет и јазик

Мицкоски по совет на Фон дер Лајен побарал од Муцунски официјално да закаже средба со неговата бугарска колешка следната недела во Софија

Мицкоски: Очекуваме ЕУ да се вклучи во разговорите со Бугарија, со цел да се создаде европско одржливо решение, без нови билатерални условувања

Фон дер Лајен пристигна во Владата на средба со Мицкоски

Македонија

Судење за „Пулс“: Родителите реагираа на исказ на вештак на одбраната по што беа отстранети од салата

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше вештото лице и…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

На денешното рочиште за пожарот во дискотеката „Пулс“ сведочеше вештото лице и технички советник од областа на градежништвото Петре Русевски, предложен од првообвинетиот Дејан Јованов, сопственик на дискотеката, кој изјави дека закупецот на просторот не презел градежни активности што би можеле да се квалификуваат како реконструкција на објектот, туку извршил градежно-занаетчиски зафати и ентериерно уредување за потребите на дејноста.

На оваа изјава реагираа родителите на загинатите нарекувајќи го првообвинетиот дека е убиец, по што судот побара дел од родителите да ја напуштат судницата.

Вештакот рече дека објектот е изграден врз проектот на техничката документација според одобрението, а ентериерното уредување е изведено врз основа на техничката документација од друштвото Венци проект. Во однос на материјалите за изградба на објектот  рече дека се употребувани армиран бетон, челични носачи, керамички блокови, кровниот покривач со санолитни плочи, односно стандардни материјали.

Реклама

Одговарајќи на прашање од одбраната дали објектот во пожарот претставувал опасност за соседните објекти, Русевски изјави дека, од аспект на градежната конструкција и фактичката состојба на објектот, не постоела опасност од проширување на пожарот.

-Во смисла на градежништвото и фактичката состојба на објектот како градежна конструкција, а имајќи предвид дека добил одобрение за градба, сметам дека не претставувал опасност за околните објекти – истакна вештакот.

По кратко време, откако родителите на загинатите во пожарот повторно се вратија во судницата, рочиштето беше прекинато бидејќи Јованов побара лекарска помош, по што Судечкиот совет го прекина судењето.

Судијата Дијана Груевска-Илиевска повикувајќи се на информациите добиени од лекарскиот тим кој го прегледал обвинетиот, соопшти дека Јованов се пожалил на болки во грбот, кои се поврзани со претходни операции на ‘рбетот, но и на нелагодност и болка во градите.

Според кажаното во судницата, бил извршен ЕКГ-преглед при што не биле констатирани знаци на акутна состојба, но не била исклучена можноста за понатамошно влошување на здравствената состојба.

Судијата информираше дека лекарот препорачал опсервација и дополнителни прегледи доколку обвинетиот продолжи да се жали на тегобите или доколку состојбата се влоши. 

-Во овој момент ќе го прекинеме судењето, ќе го вратат во притвор, а доколку продолжи да се жали, разговарано е и со директорот на затворот во Куманово и ќе биде однесен на дополнителни испитувања и кардиолошки прегледи во Куманово – појасни судијата Груевска-Илиевска

Притворот на првообвинетиот Дејан Јованов-Деко законски истекува на 3 октомври, а одбраната веќе најави дека ќе поднесе гаранција во имот од речиси 200 илјади евра, иако тоа не е задолжително.  

Во пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година за време на настап на групата ДНК загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Ова е една од најтешките трагедии во поновата историја на земјата.