Реклама

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Рекорд на македонските аеродроми- 3,3 милиони патници за само девет месеци

По четири дена без одговор, Петрова прифати да седне на маса: Што можеме да очекуваме од Софија?!

Нула инфлација во септември во однос на август – цените на производите продолжуваат да се стабилизираат

Николоски: Владата на Заев и Филипче договараше со Бугарија продажба на пeт големи македонски компании

Николоски: Ќе се заврши затворениот базен во Охрид, обезбедени 470 милиони денари

Бугарија си игра топло-ладно со можната средба меѓу министрите за надворешни работи Муцунски и Петрова

Македонија

Судењето за „Пулс“ продолжува со изјаснување по однос на оштетени побарувања и кривичен прогон на оштетени

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, продолжува со изјаснување по однос на оштетени побарувања и на кривичен прогон на дел од присутните оштетени и законските застапници на оштетените.

Судијката Диана Груевска Илиевска, пред почетокот на денешното рочиште, информораше дека Судот ги прифаќа приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата на докази не е доставена до обвинетите, и дека Судот во текот на денешниот и утрешниот ден до сите обвинети ќе изврши достава.

-Судот ги прифаќа приговорите на дел од бранителите дека обвинението интегрирано со листата на докази не е доставена до обвинетите, а со оглед да бранителите не прифаќаат доставата да се изврши преку нив, Судот во текот на денешниот и утрешниот ден до сите обвинети ќе изврши достава, изјави судијката.

Реклама

Во однос на временската рамка и приговорите кои ги истакнаа дел од ранителите, Судот посочи дека, истите ќе можат да ги истакнат и во воведни зборови, по што ќе бидат ценети од Судот. 

-Советот смета дека не станува збор за ново обвинение бидејќи во конкретниот случај во интегрираното обвинение не се воведени нови дејствија, обвинети, место на извршување, оштетени и дека не е сменета фактичката состојба, ниту е дадена нова правна квалификација, изјави судијката.

За да нема проблем на одолговлекување на постапката, Судот донесе одлука денеска главната расправа да продолжи со изјаснување по однос на оштетени побарувања и на кривичен прогон на денеска присутните оштетени и законските застапници на оштетените.

Судот пред почетокот на денешното рочиште даде половина час пауза, откако одбраната на дел од обвинетите, за да одлучи по барањата на дел од обвинетите дека го немаат добиено изменетото обвинение, а од нив се очекува да дадат воведни зборови. 

Според одбраната, се очекува да се дададат воведни зборови и обвинетите да се произнесат за вина на текст од Обвинените што воопшто не го добиле обвинетите, поради што бараат судот да одлучи по ова прашање пред да се продолжи.  

– Ниту еден од обвинетите, односно најголемиот дел вооопшто го немаат добиено интегрираниот текст на обвинението, а ќе се очекува да се дадат воведни зборови. Затоа предлагам судот да го расчисти ова прашање, па потоа да одлучиме во зависност од одлуката на Судот како ќе продолжиме, изјави еден од адвокатите од одбраната.

Одбраната на дел од обвинетите, пред почетокот на денешното рочиште, реагираше до Судот и дека доказна документација е целосно несредена и хаотична и бараа да им бидат доставени сите докази. 

Судијката Диана Груевска Илиевска рече дека Судот смета дека нормално соработката меѓу обвинетите и бранителите сите го имаат добиени, посочувајќи дека на минатото рочиште Судот побарал електронски адреси на сите кои сакаат да им биде пратено. 

Во судницата во Идризово денеска продолжува судењето за пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во кој загинаа 63 лица, меѓу кои и деца, а над 200 беа повредени. Судењето се одвива под засилени безбедносни мерки. Покрај обвинетите, во судницата се присутни и роднини на настраданите во несреќата, претставници на обвинителството и на одбраната, домашни и странски новинари.

Трагедијата од 16 март 2025 година, според Обвинителството, е резултат на систематска негрижа и игнорирање на безбедносните закани: дискотеката функционирала без противпожарен систем, со затворени прозорци, лесно запаливи и токсични материјали и само еден излез за евакуација, додека во критичната вечер бил дозволен неконтролиран влез на над 600 гости, меѓу кои и деца по полноќ, без проверки за опасни средства. Настапот на групата ДНК бил претходно договорен со употреба на пиротехника, а вградените материјали – особено сунѓерот на плафонот – при согорување ослободиле смртоносни гасови, што во услови на недоволни излези довело до загуба на млади животи и катастрофални последици.

Осум месеци по несреќата, на обвинителна клупа седнаа 37 обвинети од кои 34 физички и три правни лица. Меѓу нив има сопственици на локали, управители, инспектори, поранешни градоначалници, членови на обезбедување и државни службеници. 

Обвинети се Дејан Јованов, Митко Стојанов, Михаил Јованов, Гроздан Милковски, Милка Едровска, Тодор Јованов, Огњан Георгиев, Љупчо Стаменков, Николчо Гоцев, Ратко Димитровски, Николчо Илијев, Љупчо Папазов, Јане Јанчески, Лазар Захариев, Ивица Грозданов, Мартин Горгиев, Стојанчо Димитријев, Шабан Салиу, Аднан Џафероски, Беким Максути, Џеват Селами, Љупчо Грнчиштанов, Ваљон Сараќини, Крешник Бектеши, Џеваир Камбери, Шовкет Хазари, Зоран Николовски, Беким Хаџиу, Арлинда Касапи, Миле Ампов, Блашка Ефтимова, Весна Кузмановска, Емил Митев, Размена Чекиќ-Дуровиќ, „ММММ КАФЕ“ ДООЕЛ Кочани, РУБИКОН СЕКЈУРИТИ СОЛУШНС, ВЕНЦИ ПРОЕКТ ДООЕЛ Кочани.

На 16 март 2025 година, за време на настап на групата „ДНК“ во дискотеката „Пулс“ во Кочани, избувна пожар во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Во објектот имало над дозволениот број посетители, меѓу кои и малолетници, а пиротехнички средства биле активирани без дозвола. Објектот работел незаконски повеќе од една деценија, без минимално-технички услови, со реконструкции без дозволи и без систем за противпожарна заштита.