Реклама

„Свети Апостол Павле“ во ново светло – на Денот на независноста промовиран модернизираниот охридски аеродром

35 години независна Македонија – од каде почнавме, а каде сме сега?

Македонскиот јазик ги чува корените на Македонците во Албанија, бараат образование на мајчин јазик

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Сиљановска-Давкова: Каква Македонија ќе изградиме, таква ќе ја имаме, никој друг нема да ни го уреди домот освен ние самите!

Гаши по повод Денот на независноста: Државата е нешто што се гради секој ден – со одговорност, правда, економија и остварени граѓани

Нови комунални возила за почисто Куманово, општината доби владина донација од пет специјализирани возила

Асномскиот завет мора да ја води Македонија: Каква држава ќе создадеме, таква држава ќе имаме

Топлотниот бран ризик за пожари – службите на истокот на готовс

Туризмот во Крушево зема замав, новите проекти и културни содржини привлекуваат сè поголем број гости

Цела Македонија под портокалова фаза – УХМР со вонредна прогноза, лекарите со совети да се внимава

Србиновски за Алфа:„Вертикалниот гасен коридор“ стратешки ја позиционира Македонија и носи долгорочен бенефит

Македонија

Судењето за „Пулс“ почнува на 19 ноември – Институциите бараат почит кон жртвите и фер постапка

Достоинствено и одговорно известување, без сензационализам, со почит кон жртвите и сите…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Достоинствено и одговорно известување, без сензационализам, со почит кон жртвите и сите страни во судскиот процес за пожарот во дискотеката Пулс.  Надлежните бараат и објективно известување од медиумите од судската постапка за трагичниот пожар во кочанското кабаре.  Предметот во кој обвинети се 35-рица и три правни лица почнува следната среда, а најверојатно ќе се спои со предметот за реалниот газда на Агенцијата за обезбедување. 

Судењето ќе се води со темпо од две рочишта неделно, а првичните термини се закажани за 19, 25 и 26 ноември. Судот ќе преземе засилени безбедносни мерки, вклучително и присуство на лекарска екипа. Претседателката на судот упати апел и до лекарите да потпишуваат боледување на странките само доколку тоа навистина е потребно. Даниела Димовска вели, судот е исправен пред голема задача и дека е важно да не се подлегнува на сензационализам.

  • Во постапката се опфатени 38 обвинети – 35 физички и три правни лица, во два предмети за кои сè уште нема одлука за спојување. Се преземаат безбедносни мерки, а побарана е и лекарска екипа. Оштетените сведоци нема да можат да ја следат постапката до нивното сослушување“, рече Димовска.

Обвинителството е целосно подготвено, со проширен тим од 15 обвинители, со цел да не се дозволи одложување на рочиштата, рече републичкиот обвинител КОцевски.  Доказниот материјал е обемен, но според Коцевски постапката ќе биде ефикасна и фер.

Реклама
  • Јавното обвинителство ќе преземе сѐ во рамки на своја надлежност и нема да дозволиме ниту едно рочиште да биде одложено по вина на обвинителството и затоа донесовме одлука за проширување на обвинителскиот тим, сега, можеби бројот ќе достигне до 15 јавни обвинители со овластувања да постапуваат по предметот. Тоа не значи дека сите постојано ќе бидат во судница. Ќе бидат присутни на првото рочиште, а потоа согласно динамиката ќе бидат присутни тимови на конкретни рочишта“, појасни Коцевски.

И од адвокатската комора упратија апел до своите колеги за дисциплина и професионалност од страна на адвокатите, со цел да се овозможи непречено одвивање на процесот и заштита на правата на оштетените.

  • Сметаме дека адвокатите ќе добијат добри услови. Специфично е тоа што адвокатите се пријавуваат и како брснители но и како застапници на оштетените. Овде ќе има правна борба, судот ќе ги носи одлуките, но веруваме во стручноста на судечкиот совет предводен од искусен судија,“ рече Љубомир Михајловски – Претседател на Адвокатска комора.

За трагедијата во дискотеката „Пулс“ во Кочани, во која животот го загубија 63 лица, повредени беа околу 200, досега се поднесени две обвиненија. Во тек e истрага и за полициски службеници и началници која се води во ОЈО за ГОКК. Осомничени се над 20-тина а и тие се товарат за тешки дела против општата сигурност.