Реклама

Традицијата продолжува – Илинденската коњаница на пат за историско Крушево

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Парното во просек поскапува за 6%. За стан од 60 квадрати сметката поголема за 140 денари

Водовод Гостивар- Потрошени седум милиони евра, реконструкцијата не е завршена ни по една деценија, па друг им е виновен

Повеќе пари за земјоделството, капитални инвестиции, социјална заштита: Ребалансот на буџетот изгласан во Собранието

Студентските домови добиваат нов лик – голема реконструкција до октомври

Локализиран пожарот кај „Заград“, пожарникарите и натаму дежураат на критичните жаришта

Македонија се простува од Гоце Тодоровски кој почина на 75 годишна возраст

СДСМ бара оставки од сите, само не од градоначалникот на Гостивар

Струга: Некои кафулиња и ресторани лажат дека градската вода не се пие само за да продаваат флаширана

Аналитичари: Не постои криза или трагедија од која СДСМ или ДУИ не се обидуваат да профитираат

Лажни македонски информативни портали шират бугарска пропаганда низ интернет просторот

Македонија

Студенти од Правниот факултет во посета на Јавното обвинителство

Во посета на Јавното обвинителство денеска беа студенти на Правниот факултет „Јустинијан…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во посета на Јавното обвинителство денеска беа студенти на Правниот факултет „Јустинијан Први“, од студиската група – Односи со јавност, предводени од раководителот на катедрата, професорката Јасна Бачовска – Недиќ.

Како што соопштува Јавното обвинителство, Јавниот обвинител Ненад Савески ги запознал студентите со плановите за зголемување на транспарентноста и за јакнење на довербата во Јавното обвинителство.

-Тој преку лични искуства им зборуваше за градењето на позитивната перцепција кон институцијата и за одговорноста на јавните функционери пред јавноста – стои во соопштението од ЈО.

Реклама

За влијанието на односите со јавноста врз довербата на јавните институции студентите разговарале и со раководителката на Одделението за односи со јавноста во Јавното обвинителство, Билјана Арсовска.