Реклама

Николоски: Нема ништо тајно, блокадата од Бугарија е политичка и не е поврзана со било кој сегмент од реформите

Пеколен бран: шпоретот исклучен, ролетните спуштени, најмногу треба да пазат луѓето над 65 години

Пензионерите кои сакаат можат да се враќаат на пазарот на труд, искуството и знаењето нова шанса за бизнисот

На Филипче му се стемни од спотот „Силно светна денот“: Непримерна критика која ја покажува фрустрацијата на СДСМ

ИТ-секторот веќе не е најатрактивен – работодавачите најмногу бараат занаетчии, готвачи и електричари

25 години од заседата кај Љуботенски Бачила – споменот не бледее

Тие што имаат штедат, другите земаат кредити – Расте и штедењето и земањето кредити

Мерџановски за донесеното момче по операцијата од Турција: Почнува да јаде, од интензивна нега оди на трауматологија

Ново научно дело „Св. Климент Охридски во современата македонска творечка инспирација“

Нови авиолинии, Гевгелија нов туристички центар – туризмот останува приоритет на власта

За 24 месеци во прилепската Општа болница инвестирани 150 милиони денари, а трајно се вработени 124 лица

Гостиварци чекаат одговор дали ќе плаќаат за водата која не смеат да ја пијат

Македонија

Стружани од идниот градоначалник очекуваат да не бистри политики, туку да се зафати со реалните проблеми

Дождот ги згасна депониите кои ја трујат Струга,но кај стружани сеуште пламти.…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Дождот ги згасна депониите кои ја трујат Струга,но кај стружани сеуште пламти. Со месеци дишат отров,градот се гуши во чад и неподнослива миризба,а надлежните не превземаат ништо.На граѓаните им е преку нос, од идниот градоначалник очекуваат да не бистри политики, туку да се зафати со реалните проблеми кои секојдневното живеење им го претвора во пекол. Време е велат Струга да се крене на нозе.

Потребно е нормално, меѓутоа никаде ја нема Струга, стружани се во илегала.Дишиме на шкрги,одвратен воздух дишиме, немаме вода ова е лудило. Секоја ноќ отвори врата, пенџера се чувствува и внатре миризбата. Не можеме да дишиме ама нема што да правиме, каде да одиме.Ние што сме асаматичари е многу тешко е. Криминална работа е ова. – Внатре смрди како гума да имаш запалено дома.Ова е навистина нешто невозможно што се случува во Струга со години”-велат стружани

Општината има обврски да превземе мерки,да ги открие потенцијалните извори на загадување и тоа согласно закон треба да го направи.Така постапува општина водена од одговорни луѓе,велат граѓанските активисти.

Реклама

Сите заедно живееме во страв што вдишуваме.И тоа не е само непријатен мирис, тоа се практично отрови кои сериозно го загрозуваат нашето здравје. Нашата порака е јасна, доста е.Струга заслужува чист воздух, а не труење и молк.Ние како граѓани нема да престанеме да бараме одговори и конкретни чекори,време е за акција и тоа веднаш”- вели Владимир Стојкоски,адвокат и граѓански активист

Покрај депониите кои никнуваат и секојдневно се палат, главен загадувач е депонијата која 20 години ги труе граѓаните,а претставува една од најопасните нестандардни,диви депонии во државата. Откако цели 4 години судовите се прогласуваа за ненадлежни и го шетаа предметот за на крај да ја отрфлат тужбата против Министерството за животна средина, Општина Струга и Ј.П. „Комунално”,младите правници одлучија правдата да ја бараат во Стразбур. Европскиот суд за човекови права ја прифати апликацијата и ќе расправа за еден од најголемите еколошки и здравствени проблеми во Струга.

Инакуспоред укажувањата на советниците од ВМРО ДПМНЕ, над еден милион евра народни пари потрошила општината за одржување на дивата депонија,ама само на хартија.Оваа огромна сума се однесува на 8 годишен период.Згора на тоа сите населени места кои гравитираат во околината на Струга за одлагање на сметот на депонијата годишно плаќаат сериозна сума илјадници евра која не е прикажана во приходите од буџетот на општината. Депонија беше главно ветување на Мерко во битката за сите 4 градоначалнички мандати,вклучувајќи го и последниот кој сега го турка.