Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Струшкиот Музеј ќе колекционира фауна од дното на Охридското Езеро

Со средства од Министерството за култура и туризам, преку годишната програма, музејот…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Со средства од Министерството за култура и туризам, преку годишната програма, музејот „Д-р  Никола Незлобински“ ќе го реализира проектот „Колекционирање на видови од фауна на дно од Охридското Езеро со цел е заштита на движното културно наследство“. 

Со проектот, кој ќе се реализира во три фази, во соработка со Хидробиолошки завод – Охрид, како што истакна директорката на Музејот, Цветлана Василевска, ќе се колекционираат различни видови фауна која живее на дното на Охридското Езеро, со што ќе се збогати музејската збирка изложена во Природонаучната поставка.

– Првата фаза ќе почне во мај и ќе ги опфати теренските активности за колекционирање од различни локалитети на Охридското Езеро. Втората фаза ќе биде лабараториска анализа и обработка во лабораторијата на одделението за фауна на дно при Хидробиолошкиот завод во Охрид и во третата фаза ќе биде изложен колекционираниот детерминиран материјал во Природонаучната поставка во Музејот при што ќе бидат изработени и стручни текстови за карактеристиките на видовите, информира Василевска.  

Реклама

Охридското Езеро, според неа, располага со многубројни ендемични и реликтни растителни и животински елементи, во чија група спаѓа фауната на дно. 

– Терминот фауна на дно означува организми кои го населуваат дното на акватичните екосистеми постојано или пак на дното минуваат некоја од животните фази, а нивната улога за слатководните екосистеми е од големо значење. Тие се важен дел од синџирите за исхрана. Во оваа група спаѓаат полжави стари околу 30 милиони години, ендемични видови од групата на сплескани црви, пијавици, ракчиња, школки и многу други. Сите тие се значајни за еволуцијата на Охридското Езеро, но и за живиот свет воопшто, истакна Василевска.