Реклама

Четири години Француски предлог: Историска катастрофа прифатена од Ковачевски и Османи, Македонија доведена до работ на тежок амбис

Позитивни оценки од ЕК: Македонија активно работи на реформата 2024-2028

Статистиката вели дека луѓето се повеќе плаќаат со мобилни телефони, но голем дел уште не се откажуваат од кешот и картичките

САД извршија уште една серија напади врз Иран, Техеран возврати со ракетни удари врз американски бази во регионот

Од „триумф“ до капитулации- точно четири години откако Ковачевски и Османи ја ставија Македонија под бугарска контрола

Започнува 23-тото издание на Фестивалот на пивото и скарата во Прилеп

Топлотните бранови носат сериозен товар за севкупното здравје

Вонредна состојба во Гостивар: Забранета вода за пиење, над 1.200 граѓани со стомачни тегоби

Странците одушевени од Македонија, раст на бројот на туристи во првите пет месеци од годинава

Владата ја продолжи кризната состојба до 21-ви октомври

Жештини, вируси, инсекти – како да се заштитиме?

Епидемијата на сипаници кај овци и кози продолжува да се шири

Македонија

Струмичкото крило го поклопи скопското во СДСМ?!

Ја губи ли силата скопското крило на СДСМ, особено откако Дамјан Манчевски,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Ја губи ли силата скопското крило на СДСМ, особено откако Дамјан Манчевски, несудениот генерален секретар на Владата си поднесе оставка? Манчевски вчера на социјалните мрежи се огласи дека се повлекува од партиските функции и од политиката и ќе оди во приватен сектор.

„Како резултат на оваа одлука, покрај тоа што се повлеков од сите јавни функции кои ги извршував, поднесов оставка и од функциите потпретседател и член на Централниот одбор на СДСМ“, соопшти Манчевски.

Дали Манчевски е само колатерална штета на битката меѓу струмичкото крило водено од Заев и скопското од Шекеринска, иако тој тврди дека одлуката за негово повлекување била неврзнана со политиката на партијата?

Реклама

Манчевски е ученик на Шекеринска, таа според информациите во јавноста била негов ментор, а со тоа Манчевски бил дел од скопското крило на СДСМ. Тој во својот фб пост каде ја обзнани одлуката за неговото заминување не заборави да и се заблагодари на Шекеринска која го вовела во политиката.

Во јавноста кружат шпекулации дека Манчевски се повлекува оти бил ставен на листа за чекање за местото на генерален секретар на Владата, каде се уште е Рашковски, иако Владата е формирана веќе неколку месеци.

Аналитичарот Агим Јонуз кој своевремено беше и заменик портпарол на владата предводена од Бучковски , неодамна предупреди дека има битка на крилата во СДСМ . Тоа според него се гледало особено изминатиов период откако на високи функции немало назначено доволен број на членови од скопските редови на партијата.

Генерално на Македонија и се случува еден Армагедон, само затоа што немаме водечка, стабилна,квалитетна партија, а СДСМ како такво што е, допрва ќе го плаќа данокот на она што се вика “нејќевме скопски фаци, сакавме луѓе од внатрешност” и дојдоа, но се изгубија на скопскиот асфалт. СДСМ според мене е една многу квалитетно сељачка партија, вели за Алфа аналитичарот Агим Јонуз.

Дека има битка меѓу скопското и стумичкото крило се зборуваше уште за време на изборите, кога дел од екипата на Шекеринска не се согласувале за идејата за премиер албанец, сепак едно од главните одмерувања на силите ќе биде на локалните избори, каде на местото на Шилегов кој е од скопското крило, неофицијално ќе биде предложен Саша Богадновиќ. Овие инфомации не се потврдени, но ниту демантирани.

Мери Ѓорѓиевска