Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Прилози

Струмичко Банско доби ново мултифункционално игралиште, како дел од проектот на Видеолотарија Касинос Австрија

Струмичко Банско доби ново мултифункционално игралиште кое се простира на речиси илјада…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Струмичко Банско доби ново мултифункционално игралиште кое се простира на речиси илјада квадратни метри, во вредност од околу 6 милиони денари. Ова игралиште е само дел од проектот на Видеолотарија Касинос Австрија, која досега со над еден милион евра обнови и реконструираше 24 спортски игралишта низ целата држава.

Спортот е важен дел за развојот на младите и создавањето здрави животни навики. Во таа насока, жителите на Банско добија ново мултифункционално игралиште, како дел од проектот на Видеолотарија Касинос Австрија, со кој досега се обновени и реконструирани 24 спортски игралишта низ државата.

Игралиштето, кое се наоѓа во рамки на ООУ „Маршал Тито“, е комплетно обновено и е прилагодено за повеќе спортови.

Реклама

„Поставена е безбедносна ограда како заштита за децата, нов под. Со ова дечињата имаат можност да спортуваат различни видови спортови – фудбал, одбојка, ракомет и кошарка. На овој начин придонесуваме да се унапредат условите во заедницата и да се развива талентот на дечињата кои поседуваат спортски амбиции, за да станат идни спортисти и најдобри амбасадори на нашата земја“, изјави Вики Чадиковска.

Игралиштето се простира на површина од 950 квадратни метри. За реконструкцијата, Видеолотарија Касинос Австрија обезбеди 4,45 милиони денари, додека Општина Струмица вложи дополнителни 1,75 милиони денари.

„Се надевам дека ова игралиште ќе биде максимално искористено од жителите на Банско, како од младите, така и од повозрасните жители кои практикуваат здрави спортски навики“, изјави градоначалникот на Струмица, Петар Јанков.

Од Видеолотарија Касинос Австрија велат дека ќе продолжат да инвестираат во спортската инфраструктура. Во тек се подготовки на нови проекти за реконструкција на игралишта на повеќе локации низ државата.