Реклама

Психолози за Алфа: Важно е разводот на децата да им се објасни како „нов начин на функционирање“

Пример и за државите од Европската Унија: Македонија меѓу земјите кои најмногу ги почитуваат човековите права

Градски воз, електрични автобуси- граѓаните задоволни што се решава проблемот со јавниот превоз

25 години од потпишувањето на Охридскиот рамковен договор, ДУИ не се појавија на одбележувањето

Втора шанса за матурантите: Успаните, препишувачите и оние кои беа фатени со мобилен денеска полагаа државна матура

Прв починат од Западно-нилска треска, прогласена епидемија во општините каде има зарезени

МВР им влезе во трага на крадците на транформатори од Железници

Судење за пожарот во „Пулс“: Објектот нелегално бил пренаменет во дискотека

Туризмот со добар ритам- странските гости ја држат сезоната

Шенген ги кочи македонските камионџии – превозниците бараат пофер правила

СДСМ се прогласија за безгрешни: Си препишаа успеси, но заборавија дека се носители и на најголемите порази

Сe помалку венчавки, се повеќе разводи – за 8% зголемен е бројот на растурени бракови

Македонија

Стручната комисија за случајот со починатото новороденче на ГАК е формирана, министерот замолува да не се прави сензација од случајот, да се причекаат сите извештаи

Стручната комисија за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија во…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Стручната комисија за случајот со починатото новороденче на Клиниката за гинекологија во Скопје е формирана и ќе се чека нејзиниот извештај, како и извештајот од обдукцијата за да се излезе со конечна информација. 

Министерот за здравство Азир Алиу денеска на прес-конференција замоли да не се прави сензација од случајот и да се причекаат резултатите од сите релевантни институции. 

– Државниот здравствен и санитарен инспекторат веќе зварши со процедурите, имаше и прес-конференција. Таму не се детектирани административни процедури кои не се имплементирани. Исто така Комисијата е фомрирана, мислам дека денеска се на терен, а не денеска во понеделник. Да ги причекаме резултатите и од обдукцијата за да ги сумираме сите резултати и ќе има информација, рече Алиу. 

Реклама

Прашан зошто Инспекторатот во својот извештај не ја зел предвид пријавата од началничката на одделот на ГАК која укажува на несовесно лекување на новороденчето, министерот рече дека бил на службено патување и не бил во можност да го види документот. 

– Реално не бев тука. Документот ми е во канцеларија и не успеав да го прочитам. Во комуникација со директорот на ДЗСИ ми рече дека случајот од нивна гледна точка е чист така што тие ми се информациите. Ќе проверам што се има внатре анализирано и ќе ве известам, рече Алиу. 

По објавата дека на ГАК е починато новороденче, беше извршен вонреден инспекциски надзор од страна на ДЗСИ кој контатираше дека причина за смртта е масивен пнеумоторакс и едем на мозокот. Сепак, се чекаат наодите од обдукцијата кои точно треба да покажат која е причината за смртта на новороденчето.