Реклама

Срдечно, но со цврсти позиции – Муцунски и Петрова Чамова се сретнаа во Софија и изразија волја дијалогот да продолжи

9,5 милиони евра за намалување на трошоците за нафта на земјоделците – започна распределбата на 48.037 картички за зелена нафта

Македонското образование е подготвено за предизвикот кој го носи вештачката интелегенција

Муцунски: Изградбата на Коридорот е можност добрососедските односи да ги преточиме во конкретни резултати

Димитриеска-Кочоска: Ребалансот на буџетот е навремена реакција за заштита на стандардот на граѓаните

Ги спечалиле од земјоделство, а ги чувале за старост – Родителите на Ѓоко Ристов со сведоштво за „заѕиданите“ 350.000 евра

Муцунски: Добрососедските односи се суштински за европската интеграција, а Коридорот 8 овозможува тој принцип да се преточи во реалност

Николоски: Развојот на ависообраќајот е резултат на паметните политики на Владата, секој месец соборуваме рекорди

Избори во Лекарската комора – докторската фела гласа за делегати кои треба да го изберат новиот претседател

Охрид по 11 години чекање конечно ќе добие модерен затворен пливачки базен

Штипските ученици учат без мобилни телефони, позитивните промени се веќе видливи

Телевизија, телеком, кабелски оператор, рудник и банка – СДСМ ѝ ја нудела Македонија на Бугарија со „сезонски попуст“

Македонија

Стручна работна средба во Кисела Вода: „Промоција на безбедна училишна средина“

Во Општина Кисела Вода денеска се одржа стручна работна средба посветена на…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Во Општина Кисела Вода денеска се одржа стручна работна средба посветена на темата „Промоција на безбедна училишна средина“, чија главна цел е продлабочување на институционалната соработка и навремена превенција од несакани појави во образовните установи.

Настанот, како што е наведува во соопштението од Општина Кисела Вода, обедини широк спектар на професионалци кои секојдневно се вклучени во воспитно-образовниот процес и грижата за младите.

На средбата, заедно со директорите на основните училишта од територијата на општината, училишните психолози и претставниците од општинската администрација, свое учество зедоа и гостите од надлежните институции: Елизабета Поповска Маневска, раководител на Службата за деца во ризик и деца во судир со закон при ЈУ Меѓуопштински центар за социјална работа (ЈУМЦСР) – Скопје, заедно со членови на нивниот стручен тим, како и Ана Попризова, сертифициран обучувач за законски обврски и стратегии за справување со насилство и ученичко учество.

Реклама

Настанот официјално го отвори градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска Трајкоска, која ја потенцираше важноста од заедничкото делување:

-Сите ние присутни овде денес делиме една највисока и најважна цел, безбедноста, здравјето и добросостојбата на нашите деца. Училиштето не е само место каде што тие стекнуваат знаења; тоа е просторот каде што го поминуваат најголемиот дел од денот, каде што се социјализираат и се оформуваат како личности. Токму затоа, таму тие пред сѐ мора да се чувствуваат заштитени, прифатени и безбедни. Свесни сме дека секојдневно се појавуваат нови предизвици кои директно влијаат врз младите. Затоа, наша обврска како институции и како стручни лица не е само да ги решаваме проблемите откако ќе настанат, туку да делуваме превентивно, навремено и организирано. Токму тоа е клучната цел на оваа работна средба: да воспоставиме многу подобра, поцврста и подиректна институционална координација. Кога ќе се појави каква било проблематична ситуација, ниту едно училиште не смее да биде оставено само на себе. Само преку ваква постојана соработка, преку меѓусебна поддршка и брза реакција на секој ризик, можеме да изградиме систем кој навистина функционира во пракса и да бидеме сигурни дека создаваме побезбедна училишна средина-потенцираше градоначалничката Стаменкоска Трајкоска

Низ отворена дискусија беа разменети досегашни искуства од праксата, се дебатираше за тековните предизвици со кои се соочуваат образовните установи и беа предочени конкретни стратегии и законски механизми за справување со врсничкото насилство. Сето ова уште еднаш потврди дека тесната соработка и континуираната комуникација меѓу институциите се клучни за навремено детектирање на проблемите и гарантирање на безгрижен раст и непречен образовен процес за сите ученици.