Реклама

Свечена академија „Свои на своето“- Мицкоски: Ова е нашето време и наша одговорност, да изградиме Македонија во која вреди да се живее

Имунизација против грип: Вакцината е клучна за ранливите, но не е за секого

Акциски план за малцинствата пред Бугарите во Уставот – стратегија за заштита на националните интереси

Музејот во Ново Село – мост до минатото каде што историјата оживува

Македонската ослободителна мисла – идеали што создадоа држава

Над 120 амандмани – расправа за вториот ребаланс на буџетот

Мицкоски од Црна Гора: Нема да отстапиме од борбата за националните интереси, ниту од борбата да бидеме дел од ЕУ

Јосифовска не се појави во судница за тужбата против Лејла Кадриу

Милионски тендери за мрак во Кичево

Свечена заклетва на 30. класа питомци на Воената академија „Генерал Михаило Апостолски“

Почна Самитот на Берлинскиот процес во Црна Гора – премиерот Мицкоски очекува силни пораки за интеграцијата на Западен Балкан

Стратешко поврзување со Европа: Коридорите 8 и 10 се врвен приоритет на македонската Влада, за економски напредок и политичка стабилност

Македонија

Стразбур пресуди во корист на Спиро Ристовски за „27-ми април“: поранашниот министер неосновано бил држен во притвор

Неправедно во притвор не бил држен само Миле Јанакиевски. Стразбур донесе слична…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Неправедно во притвор не бил држен само Миле Јанакиевски. Стразбур донесе слична одлука и за поранешниот министер за труд и социјала и за образование, Спиро Ристовски. Немало ниту доволно ниту релевантни причини Ристовски да биде уапсен своевремено, а и неоправдано 14 пати му бил продолжуван куќниот притвор за случајот „Организатори на 27-ми април“. Вака цени Судот за човекови права во Струзбур, а воедно утврди дека судовите во Македонија не ги разгледувале жалбите на Ристовски навремено.

  • „ Одлуките на Апелациониот суд со кои се отфрлаат жалбите на вториот жалител против наредбите за продолжување од 25 декември 2019 и 23 јули 2020 година, му биле доставени на 6 февруари и 25 август 2020 година соодветно. Во април 2023 година – како што објавија медиумите – апелациониот суд ја укина пресудата на Ристовски и го врати предметот на повторно разгледување“, наведено е во пресудата.

Во одлуката, Стразбур ја задолжува државата да му плати оштета на Ристовски од вкупно 2,250 евра, во рок од три месеци од правосилноста на пресудата.

  • „Ристовски немал фер постапка и не била запазена контрадикторноста бидејќи не му било овозможено да се произнесе за предлозите на Вишото јавно обвинителство за продложување на притворот, односно предлогот зошто треба да се одбие жалбената постапка не бил доставуван до обвинетиот.Од материјален аспект не се доволни причините да го оправдаат долгото држење во притвор- објаснува Богданов- адвокат на Ристовски.

Освен за Ристовски, кој поминал 21 месец во притвор, идентична пресуда поради неоправдано продолжување на притворот има и за Митко Пешов, раководителот на одделот за посебни единици во полицијата, кој беше осуден со казна затвор од 15 години.

Реклама
  • „Правдата е спора но е достижна, Судот во Стразбур утврди повреда на правата при определување на притвор од страна на домашните судови. Она што ние го зборуваме повеќе од 6 години, дека ние немавме ОСНОВНА фер судска постапка од почеток до денес го потврди и оваа пресуда која е уште една во низата пресуди кои стигнаа изминатите месеци во наша корист. Оваа пресуда е доказ за тоа дека ние немавме фер, објективно и непристрасно судење. Јас сум убеден дека сите оние кои учествуваа во монтирањето на овој процес ќе одговараат пред лицето на правдата. Денот доаѓа!“ пишува Митко Пешов, осуден за „27-ми април“.

Во ноември минатата година судот во Стразбур слична пресуда донесе и за поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кому неоправдано му бил продолжуван домашниот притвор во два судски случаи – за „27 април„ и „Шпански скали„. Државата на Јаникиески треба да му плати оштета од 3.900 евра, во рок од три месеци од правосилноста на пресудата, како и 2.200 евра за трошоци и расходи.