Реклама
Прилози

Стратешкото партнерство со САД ќе ни донесе само добро: Инвестиции, нови работни места, подобар живот за граѓаните

Инвестиции, нови работни места, подобар живот за граѓаните, енергетска стабилност, сајбер безбедност,…

Сподели:
Фото: Алфа Вести

Инвестиции, нови работни места, подобар живот за граѓаните, енергетска стабилност, сајбер безбедност, унапредување и во делот на одбраната. Засилувањето на стратешкото партнерство меѓу Македонија и САД може да донесе само добро за македонските граѓани. Според познавачите квалитетната и блиска соработка меѓу Скопје и Вашингтон ќе биде од корист и за двете страни, со оглед на добропознатата позиција на САД во светските политички текови.

-Се најавуваат можни инвестиции, да видиме. Но секако дека е позитивен чекор. И се разбира денеска во денешниот свет е едно од најголемите достигнувања или едно од најпозитивните достигнувања е да имате унапредување на стратешко партнество со Соединетите американски држави. Се разбира инвестициите ќе покажат, ќе го зголемат буџетот конечно на нашата држава, можеби ќе отворат нови работни места, сето она што не засега сите нас како граѓани, да имаме подобар живот, вели за Алфа новинарот Дејан Андоновиќ.

Според македонската делагација во Вашингтон, потврдена е определбата за продлабочување на стратешкото партнерство и реализација на конкретни проекти. Со потпишувањето на договор за снабдување со природен гас, Македонија направи стратешки чекор кон енергетска стабилност. Според новинарот Дејан Андоновиќ државава треба да продолжи со продлабочувањето на соработката со најголемата светска сила.

Реклама

-Се разбира дека е добро, еве она што можеме да видиме од таму, ќе гив видиме деталите нели покасно, се во сајбер безбедноста, во енергетиката, се најавуваат и некои нови инвестиции, но и за тарифите како што рече премиерот. Така што мислам, дека не само што е позитивно, туку ние како стратешки партнер на САД, знаеме кои се Соединетите американски држави, каква улога имаат во светот и добро е да се приближуваме и имаме уште поголема соработка со нив. Ова стратешко партнерство само ќе унапреди, изјави Андоновиќ.

Ова е првиот дијалог во рамки на стратешкото партнерство со САД по пауза од четири години. Скопје и Вашингтон  потпишаа декларација во 2008 година, непосредно по НАТО самитот во Букурешт, кога Македонија, поради грчкото вето, не стана членка. Соединетите Американски Држави имаат ваков вид на партнерство со само уште неколку земји во светот.

Матеја Петровски